Емин-ага () — османлиски политичар од турска народност и управник на Велешката Каза од крајот на XVIII век до 1830 година.

Животопис Емин-ага е роден во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнувал од благородно турско семејство. Околу крајот на XVIII век, бил назначен за управител на Велешката Каза. Емин-ага побарал помош од значајното мијачко семејство Рензовци да му изградат коник кај левиот брег на реката Вардар. Емин му дозволил на Силјан Рензов, прадедо на Андреја Дамјанов, да се пресели во Папрадиште за да ги избегне арнаутските банди во Тресонче. Синот на Емин, Ќор Али-бег, подоцна ги примил останатите Мијаци од Велешко во самиот град. По уништувањето на Москополе од Али-паша Јанински, Емин им дозволил на влашките трговци да се преселат во Велес. Емин-ага помогнал со трговско и економското напредување на градот.

Емин-ага умрел во 1830 година во Велес. По смртта го наследи неговиот син.

Наводи

Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1830 година Категорија:Политичари од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Македонски Турци Категорија:Турски политичари Категорија:Отомански Турци Категорија:Отомански политичари Категорија:Управници на Велешката Каза