мини|Кутел од с. Свиништа во Музејот на Македонија Кутел или кутол — традиционален длабок дрвен сад со дршка. Садот исто така се користел како мерило за зрнеста храна. Денес, кутелот е етнолошки предмет кој го отсликува традиционалниот начин на живот, а се користи и како украс во домовите и рестораните во етно-стил.
Опис Кутелот има облик на длабок валчест сад, со рачка која е дел од истата целина. Се изработува од дрво, најчесто со длабење на едно парче дрво. Најчесто се користеле видови дрво кои се отпорни на влага и не испуштаат мирис, како што се бука, јавор или орев.
Употреба Главната примена била за земање течности од буриња, бочви и слични големи садови. Исто така се користеле за земање на зрнеста, но и останата храна.
Мерило Кутелот се користел како мерило за жито. Еден кутел бил половина шиник, односно четвртина осмак.
Македонски поговорки Кило фрли, кутел најди.
Наводи
Категорија:Садови