мини|Оригинална корица на „Тамерлан и други песни“, во која Тамерлан првпат се појавил „Тамерлан“ — поема од Едгар Алан По. Таа е фикционализиран приказ за животот на турко-монголскиот освојувач Тамерлан. Поемата за прв пат е објавена во збирката „Тамерлан и други песни“ од 1827 година. Таа збирка, со само 50 отпечатени примероци, не е наведена со вистинското име на авторот, туку со „Бостонец“. Оригиналната верзија на поемата имала 403 стихови, но била скратена на 223 стихови за нејзино вклучување во „Ал Араф“, „Тамерлан“ и „Мала песна“ .
Синопсис Поемата го следи животот на Тамерлан, воен водач од 14 век кој ја основал Тимуридската Империја, иако поемата не е историски приказ на неговиот живот.
Тамерлан ја игнорира младешката љубов што ја има кон селанка за да постигне моќ. На смртната постела, тој се кае за оваа одлука да создаде „кралство“ во замнеа за скршено срце“. Селанката се вика Ада во поголемиот дел од изворната верзија на поемата на По, иако е отстранета и повторно додадена низ многуте ревидирани верзии. Името „Ада“ веројатно се однесува на Ада Лавлејс, ќерката на Лорд Бајрон, познат поет кого По го почитувал. Всушност, стихот „Стигнав до мојот дом - мојот дом повеќе го нема“ одразува стих во делото на Бајрон „Дон Жуан“.
Анализа мини|„Тамерлан“ е латинизирано име на историска личност од 14 век. Главните теми на Тамерлан се независноста и гордоста, како и загубата и прогонството. По се претпоставува дека ја напишал песната врз основа на сопствената загуба на неговата рана љубов, Сара Елмира Ројстер, неговата биолошка мајка Елиза По или неговата посвоителка Франсис Алан. Песната можеби го отсликува и односот на По со неговиот посвоител Џон алан слично на По, Тамерлан е од неизвесно потекло, со „лажно име“. Имал само 17 години кога ја напишал песната, чувството на загуба на По произлегло од намалената можност за наследство и колеџ образование по напуштањето на Универзитетот во Вирџинија. Како посебна песна за младоста, песната, исто така, дискутира за теми што По ќе ги користи во текот на целиот свој живот, вклучувајќи ја неговата склоност кон самокритика и неговите постојани стремежи кон совршенство.
Поемата е под влијание на драмата „Манфред“ на Лорд Бајрон и неговата поема „Џаурот“ и во начинот и во стилот.
По можеби првпат слушнал за Тимур во јули 1822 година, како млад човек во Ричмонд, Вирџинија.. Претстава со коњи наречена Татарот Тимур била поставена во театарот Ричмонд и повторена во октомври. Некои научници за По шпекулираат дека По бил присутен или барем слушнал за претставата.
По можеби се идентификувал со главниот лик. Тој го користел „ТАМЕРЛАН“ како псевдоним поврзан со две од неговите песни во нивното прво објавување, „Фани“ и „ До —— “, двете објавени во Балтимор Сатердеј Визитер во 1833 година.
Драмата „Тамбурлејн“ од Кристофер Марлоу е исто така приказна за скитски овчар кој се вљубува во Зенократ и го освојува поголемиот дел од Азија, Европа и Африка.
Историја на објавување „Тамерлан“ првпат била објавена во најраната збирка поезија на По, „Тамерлан и други песни“ . „Малиот том“, како што По го нарекува во предговорот, се состои од 10 песни. Оваа оригинална верзија на поемата содржела 406 стихови. Во изданието од 1845 година, било изменето на само 234. „Тамерлан и други песни“, која се појавила во јуни 1827 година, била долга четириесет страници и заслуга за тоа имал само „Бостонец“.
Во првичното објавување во збирката „Тамерлан и други песни“, По вклучил ендноти во кои се објаснуваат некои од неговите алузии за Тамерлан. Тој исто така признава дека знае малку за историскиот Тамерлан, „а со тоа малку, си ја зедов целосната слобода на поет“. Овие ендноти не се појавуваат во ниту една друга збирка што го вклучува Тамерлан.
Во 1829 година, помеѓу првото и второто објавување на поемата, По ја испратил заедно со „Ал Аараф“ за рецензија од влијателниот критичар Џон Нил во неговото списание „Јенки“. Како признание за охрабрувањето од Нил,По изразил желба да му ги посвети „Ал Аараф“, „Тамерлан“ и „Мала поеми“, но Нил инсистирал дека таквата посвета би била повреда и за По и запубликацијата. Наместо тоа, По му го посветил само „Тамерлан“ во томот на Нил.
Наводи
Надворешни врски
Оригинална верзија на „Тамерлан“ од 1829 година
Категорија:Дела на Едгар Алан По