Ежово (, Дафни; 1927-1928 г. Νεροπλατάνα, Нероплатана; до 1927 г. Έζιοβα, Езјова,) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Било населено со погрчени Македонци и Турци, иако изворите ги наведуваат првоспоменатите како „Грци“.
Географија Селото се наоѓа јужно од Сер на реката Ежовица во Серското Поле. Лежи на околу 5 км јужно од Џинџос.
Историја Средновековие Во XIV век Ежово (Εζεβών) било седиште на Ежовско-стефанинската епископија во рамките на Серската митрополија. На Богданска Планина над селото има остатоци од средновековната тврдина, седиште на епископот. Близу Светомаринската кула е средновековниот пештерен параклис „Св. Марина“. Во селото исто така има и средновековна одбранбена кула од XV век.
Во Отоманското Царство Во османлиските дефтери од средината на XV век Ежово е споменато со 10 глави на семејства и еден ерген: Дабижив, Коста, Никола, Јано, Џуро, Петро, Драгаш, Јорг, Јорг, Којо и Јано. Вкупниот приход од селото изнесувал 510 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 122
Околу 1459 г. Мехмед II ѝ го дал Ежово и околните села на неговата маќеа Мара Бранковиќ, која живеела во селото.Матанов, Христо. Православната църква в българските земи през XV-XVII в., - в: Държава & църква - църква & държава в българската история. Сборник по случай 135-годишнината от учредяването на Българската екзархия, София, 2006, с. 123. Таа имала намера да ги завешта на некој од светогорските манастири, но по нејзината смрт во 1487 г. османлиската држава си ги вратила. Во 1501-1507 г. Бајазит II го подарил Ежово на еден новооснован цариградски вакаф.Popović, M. Mara Branković: eine Frau zwischen dem christlichen und dem islamischen Kulturkreis im 15. Jahrhundert. Mainz, 2010, 122-127. Се смета дека Мара некогаш живеела во одбранбената кула во Ежово.Μουτσόπουλος, Ν. Ο πύργος της τσαρίτσας Μάρας στην Έζιοβα (Δάφνη). – Зборник посветен на Бошко Бабиќ. Прилеп, 1986, 161-163.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ежово (Ejovo) било село со 92 домаќинствана 110 муслимани и 160 „Грци“.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Ежово:
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
На почетокот на XX век Ежово било село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 750 жители, од кои 350 турци и 400 „Грци“. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Ежово (Ejovo) се состоело од 400 „Грци“.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 534 жители, а во 1920 г. во него се попишани 586 лица. Во 1924 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Ежово е претставено како мешано село со 1.000 жители од кои 411 лица (103 семејства) биле грчки дојденци. Во 1927 г. селото е преименувано во Нероплатана, а во 1928 г. во Дафни.
Во 1926 г. во Ежово е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.
Во текот на 1960-тите години дошло до значаен пад на населението поради иселвуањето во поголемите градови.
+ Месности во Ежово преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Ежовица Έζιόβης Дафнис Рема Δάφνης Ρέμαрека на С од Ежово Лелеџик Λελετζίκ Пеларгос Πελαργόςвозвишение на СИ од Ежово (106 м)
Население
Личности Венедикт Ежовски (? – 1821) — маченик и светец Јоанис Кунтурас — деец на грчката вооружена пропаганда Апостолос Паприкас или Памбрикас — деец на грчката вооружена пропаганда
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Марина“ од средниот век, прогласена за споменик на културата „Св. Ѓорѓи“ од 1926 г.
Кули и тврдини Светомаринска кула од XI век, прогласена за споменик на културата Мариина кула од 1374 г., прогласена за споменик на културата Ежовска тврдина од средниот век
Наводи
Категорија:Визалтија