Горно Крушево или Горно Крушово (поретко се сретнува само како Крушево или Крушово; , Ано Кердилио; до 1927 г. Άνω Κρούσοβο, Ано Крусово) — поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Ениќој во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба Селото се наоѓало во областа Зихна, југоисточно од Нигрита и 4 км северно од Струмскиот Залив, во источните падини на Орсова Планина, на надморска височина од 320 м.

Историја лево|мини|Остатоците од градот Кердилија на врвот Градишко

Антика На врвот Градишко во Орсова Планина, во близина на селото се остатоците на древниот град Кердилија.

Во Отоманското Царство Во XIX век Горно Крушево било мешано грчко-турско село во Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Крусова (Κρούσοβα) живееле 100 Турци.Σχινά, Ν. „Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία“, τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано од официалната веб-страница на Општина Зелјахово

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ано Крушово (Ano Krouchovo) имало 49 домаќинства со 50 муслимани 95 жители Грци.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Горно Крушево:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Горно Крушево имало 330 жители, сите Грци.

Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 460 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 429 лица. Во 1927 г. селото е преименувано во Ано Кердилио (Άνω Κερδύλιο).

Во октомври 1941 г. Горно и Долно Крушево биле опожарени од германските окупациски сили, а целото машко население од 16 до 65-годишна возраст убиено. По крајот Граѓанската војна во Грција (1946–1949), јужно од селата била подигната населбата Ново Крушево.

Црквите „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ и „Пресв. Богородица Себлагословена“ се денес единствени преостанати градби од селото.

Културни и природни знаменитости мини|Поглед на црквата „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ Цркви

Црква „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ — изградена во 1836 г. Црква „Пресв. Богородица Себлагословена“

Наводи

Категорија:Историски села во Ениќој