Петко Петров (познат како Петко Боз или Гизда Петко) (Орешец, 1784 – 1846) — мајстор-градител од Костурско, претставник на Брациговската школа.

Животопис мини|Натписот на црквата „Св. Софија“ во Сливен, 1836 г. Роден е во 1784 г. во селото Орешец, Нестрамско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1791 г. се преселило во Брацигово заедно со татко му и поголем број сонародници. Занаетот го наследил од својот татко и дедо. Според повелбата на столарскиот еснаф во Брацигово, Петко Боз бил еден од неговите основоположници.

Во 1830–1832 г. истовремено ги изградил црквите „Св. Константин и Елена“Поклонение на животворящия Кръст Господен и „Св. Недела“ во Пловдив.Райчевски, Георги. Пловдивска енциклопедия, Трето преработено и допълнено издание, 2004, стр. 45 – 46. Потоа, Петко Боз ја изградил „Св. Троица“ во Казанлак, завршена на 15 март 1834 година, а напоредно со неа и „Успение на Пресв. Богородица“ во истиот град, која била завршена еден месец подоцна. Во 1836 г. ја изградил црквата „Св. Софија“ во маалото Ново Село, Сливен, за што сведочи камен натпис на источниот ѕид: „Оваа црква ја направи првомајстор Петко Боз од Брацигово“. На западната страна има друг натпис со датум 1836 г. Во 1837 г. ги завршил црквите „Св. Никола“ во Дервент и „Св. Ѓорѓи“ во Енина, обете во Старозагорско. Починал во 1846 г.

Поврзано

Брациговска школа

Наводи

Категорија:Претставници на Брациговската школа Категорија:Македонски преселници во Брацигово