Митницата — планинско седло и превој во Неврокопско, на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Сместен е меѓу планината Стргач на запад и Белотинските Планини (Перица) на исток. Низ него поминува бугарско-грчката граница.

Го носи името на поранешна митница (царински премин). Низ седлото проаѓа вододелницата помеѓу сливот на Матница на север и непроточната Белотинска Котлина на југ. Сместено е на надморска височина од 708 м и долго е околу 3 км. Сочинето е од метаморфна карпа покриена со песочно-глинести седименти. Почвата е излужена циметна шумска почва. Во минатото низ седлото поминува Драмскиот пат од Неврокоп за Драма.

Наводи

Категорија:Планински превои во Пиринска Македонија Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Стргач