Костурски револуционерен реон — еден од десетте револуционерни реони под склоп на Битолскиот револуционерен округ. Основан во 1898 година како дел од Македонската револуционерна организација. Костурскиот револуционерен реон имало клучна улога за време на Илинденското востание во Егејска Македонија.
Историјат
Основање и почетни дејствија лево|мини|262x262пкс|Раководители на Костурскиот револуционерен реон, од лево кон десно: Пандо Кљашев, Васил Чакаларов и Лазар Поп Трајков Костурскиот револуционерен реон е создаден во 1898 година под наредба на Битолскиот револуционерен округ. Прв водач на реонот бил Павел Христов меѓу 1898-1901 година со помош од Кузо Стефов, Лазар Поп Трајков и Михаил Николов. Главно седиште било градот Костур, Егејска Македонија додека нејзиниот делокруг ја опфати Костурската Каза. Лазар Поп Трајков бил назначен за регионалниот агитатор за организацијата.
Во 1899 година, првата организационо-агитатциона чета се сместила во Костур. Таа била предводена од околиската војвода Марко Лерински. Во 1900 година почнале редовно да собираат оружје од Егејска Македонија и Кралството Грција. Лазар Киселинчев и Васил Чакаларов биле одговорни за снабдување на оружја и проширување на револуционерните канали.
Во мај 1901 година почнала првата афера во Костурскиот револуционерен реон — Нурединовата афера. Поради убиството на бегот Нуредин ефенди, влашкото население во Рупишта биле уапсани и мачени. Меѓу нив бил овчарот Михо Ставрев кој ги предадол имињата на околиските војводи. Кузо Стефов и Васил Бабулев се уапсани и мачени. Во текот на летото, Иванчо Кичевица — поранешен борец во четата на Коте Христов, ги предадол раководителите на револуционерниот реон. Околу 100 дејци од селата Д'мбени, Косинец, Смрдеш, Кономлади, Брезница и Загоричани биле уапсани заедно со Лазар Поп Трајков, Павел Христов, Лазар Москов и Филип Георгиев.
Во 1902 година, грчкиот митрополит Герман Каравангелис основал тајна шпионска мрежа во револуционерниот реон. Со засилување на грчката вооружена пропаганда во Македонија: Павле Киров, Вангел Георгиев и Геле Трсјански преминале на страна на Грчката пропаганда. Околу почетокот на 1903 година почнале да се спремат за Илинденското востание.
Илинденското востание лево|мини|314x314пкс|Раководители на Костурскиот револуционерен реон за време на Илинденското востание. За време на Смилевскиот конгрес, Васил Чакаларов и Пандо Кљашев биле одбрани за претставници на Костурскиот револуционерен реон. Според општиот план за Илинденското востание, револуционерниот реон бил поделен во четири подреони: Корештански, Пополески, Нестрамколски и Костенариски. Секој подреон имал барем една чета со 30-50 борци. Според Пандо Кљашев, за почетокот на востанието имало вкупно 672 четници и 1500 пушки од кои поголемиот дел биле модел „Гра“. Иван Попов бил главниот воен инструктор за реонот. Населението им помогнале со снабдување на храна.
Главни раководители на востанието во Костурско биле: Лазар Поп Трајков, Михаил Николов, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев и Манол Ризов. За време на Илинденското востание, над 20 битки се одвивале во Костурскиот револуционерен реон. Првиот бил на 3 август кога четата на Кљашев, Чакаларов и Митре Влаот го ослободиле селото Вишени. Во текот на борбата 4 турски аскери биле ликвидирани. Следниот ден го ослободиле селото Свети Илија. На 5 август успешно го ослободиле селата Жервени и Клисура. Отоманската војска трпила значајни порази.Въстанието в Костурско, Илинден 1903-1953 списание
После долга борба на 6 август го ослободиле селото Смрдеш. На 8 август, 300 турски аскери ја нападнале четата на Филипов и Трајков на планината Вич. Истовремено го ослободиле селото В'мбел. Кон крајот на август биле ослободени селата: Билишта, Черешница, Писодер, Невеска, Загоричани, Апоскеп, Арменско и Врапчин. Во септември, Македонската револуционерна организација ги доживеала првите порази во Костурско. Во октомври револуционерниот реон бил целосно окупиран од Отоманската војска.
После востанието мини|299x299пкс|Дејци на Костурскиот револуционерен реон амнистирани при Хуриетот. После востанието повеќето раководители се преселиле во Софија и Кралството Грција. Кон крајот на 1903 година само Митре Влаот останал. Околу јануари 1904 година Иван Попов го обновил четничкото движење во Костурско. Четите на Кирјак Шкутров, Нумо Јанакиев и Костандо Живков се сместиле во градот. После востанието, само селата Либешево, Бухин, Бела Црква, Нестиме и Песјак имале револуционерен комитет. Во февруари четите на Тома Желински, Никола Добролитски и Пандо Сидов организирале средба со Митре Влаот на планината Вич. Одлучиле Влаот да остане водач на Костурскиот револуционерен реон а Тома Желински да биде околиска војвода на Костенарија, Кољо Добролитски да биде околиска војвода на Нестрамкол и Трајко Дандаров да биде околиска војвода на Пополе.
После востанието се засилило Грчката вооружена пропаганда во Македонија. На 17 септември 1904 година Ефтимиос Каудис ја нападнал четата на Митре Влаот во село Оштима. Во 1906 година, Андонис Влахакис и Леонидас Петропулакис — дејци на Елиномакедонскиот комитет ја нападнале четата на Нумо Кировски. Во 1907 година Георгиос Томбрас, Стефос Григориу, Јоанис Терзис и Николаос Платанијас го ликвидирале Атанас Кршаков и неговата чета во село Стенско. Во 1908 година бил укинат револуционерниот реон, заедно со Битолскиот револуционерен округ.
Организација +Водач на Костурскиот револуционерен реонБројИме и презимеДатум на раѓањеМесто на раѓањеМандат1Павел Христов1874Цапари, Битолско1898 — 19012Пандо Кљашев29 септември 1882Смрдеш, Костурско1901 — 19033Митре Влаот1873Кономлади, Костурско1903 — 19074Христо Цветков1877Кономлади, Костурско1907 — 1908 +Околиски војводи по подреониБројПодреонИме и презимеЗабелешка1КорештанскиХристо Цветков2КорештанскиАтанас КршаковЛиквидиран од Елиномакедонскиот комитет во с. Стенско, 1907 г.3КорештанскиДичо АндоновУбиен при Битката кај Локвата и Вињари.4КорештанскиПандо Чулков5КорештанскиПандо Сидов6КорештанскиВасил КотевЛиквидиран од Отоманската војска при Илинденското востание.7КорештанскиТрајко Желевски8КорештанскиАндон Поп Штерев9ПополескиПетар ГајковЛиквидиран од Отоманската војска при Горноџумајско востание.10ПополескиКузо Поп ДиновЛиквидиран по наредба на Герман Каравангелис во 1907 г.11ПополескиНикола Марковски12ПополескиПетар ПогончевЛиквидиран од Елиномакедонскиот комитет во с. Горничево, 1908 г.13ПополескиПетар МалковЛиквидиран од Отоманската војска при Илинденското востание.14ПополескиКостадин Николов15НестрамколскиНикола ДобролитскиЛиквидиран од Отоманската војска во с. Добролишта, 1906 г.16НестрамколскиТрпо Георгиев17НестрамколскиАндон БрештенскиЛиквидиран од Отоманската војска во с. Жупаништа, 1907 г.18КостенарискиСтерјо ТашковЛиквидиран од Отоманската војска во Пазарџик, 1906 г.19КостенарискиНумо ЈанакиевЛиквидиран од Отоманската војска во с. Загоричани, 1904 г.20КостенарискиКостандо ЖивковЛиквидиран од Елиномакедонскиот комитет во с. Либешево, 1904 г.21КостенарискиКирјак Шкутров22КостенарискиТома Желински23КостенарискиВангел Поп ХристовЛиквидиран од Отоманската војска во с. Жупаништа, 1907 г.
Наводи
Надворешни врски
Илинденското въстание в Костурско – Спомени на Манол Кочов и Наум Масалинков. Македонските бежанци в България – участници в нейния политически и културен живот, Камен Станев Един морален завет от Илинденското въстание, МНИ, Петър Кепов Евгени Чекаларов: Костурско с Васил Чекаларов е давано за пример в подготовката на въстанието от 1903 г. – Интервю за Агения Фокус
Илинденско-Преображенското въстание 1903 г., Николай Янакиев, Тодор Петров, Светлозар Елдъров Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ
Категорија:Македонска револуционерна организација Категорија:Битолски револуционерен округ