Здружение на книжевниците на Србија (ЗКС) — здружение основано на 26 мај 1905 година, во станот на Српската книжевна задруга, со присуство на 21 писател, а под претседателство на Милан Милиќевиќ, доајенот на српските писатели по возраст, кога е донесена одлуката за основање на Српското книжевно друштво. Гласило на Друштвото бил весникот „Књижевне новине“, основан во 1948 година.
Историја На Здружението на книжевниците на Србија му претходеле:
„Друштво за уметност“ (1883) „Книжевно-уметничка заедница“ (1892) „Друштво на српските писатели и уметници“ (1902)
Овие друштва се сметаат за претходници на „Српското книжевно друштво“.
Главни цели Главните цели на Српското книжевничко друштво се:
да ги здружи српските писатели во една заедница да ги заштити професионалните интереси на своите членови да ги регулира меѓусебните односи да се регулираат односите со издавачите и публиката да ги олеснат условите за нивната книжевна работа да им помогне на своите членови или нивните семејства кои се нашле во тешка финансиска состојба
Прва управа мини|Програма на кижевната вечер на Здружението на книжевници на Србија, што се одржала во задужбината „Илија М. Коларац“, на 26 ноември 1949 година. Првиот одбор од пет члена бил избран со тајно гласање. Негови членови биле:
Симо Матавуљ, претседател Јован Скерлиќ, секретар Добросав Ружиќ, благајник Живојин О. Дачиќ, библиотекар Риста Ј. Одавиќ, домаќин
Основачи Основачи и први чланови Српското книжевничкоКни друштво биле: д-р Александар Белиќ, Боривоје Поповиќ, Добросав Ружиќ, Драгомир Јанковиќ, д-р Драгољуб Павловиќ, Драгутин Илиќ, Живојин Дачиќ, д-р Јован Скерлиќ, д-р Лујо Војновиќ, Љубомир Јовановиќ, Милан Милиќевиќ, Милован Глишиќ, Милорад Ј. Митровиќ, Милорад Павловиќ, д-р Никола Вулиќ, Павле Поповиќ, Петар Одавиќ, Радоје Домановиќ, Риста Одавиќ, Симо Матавуљ, и д-р Станоје Станојевиќ.
Поврзано Сојуз на писателите на Југославија
Наводи
Надворешни врски Милијан Деспотовић: „Монаштво писане речи”, о књизи, „Удружење српских књижевника 1905-1945”, у књизи „Дисање у речи”, Свитак, Пожега, 2023. Удружење књижевника Србије Удружење српских књижевника 1905-1945, Милован Ј. Богавац, УКС „Француска 7” – некад институција а данас чист ентузијазам („Политика”, 7. април 2018)
Категорија:Книжевни друштва Србија