Браунинговите друштва — групи кои се состанувале за да дискутираат за делата на Роберт Браунинг, а групите произлегле од разни читателски групи со кои друштвата укажувале на славата на поетот и невообичаено се формирале за време на неговиот живот.Murray, H. (2002) Come, bright improvement!: the literary societies of nineteenth-century Ontario p. 142. University of Toronto Press. . Retrieved October 2011.
Браунинг не бил консултиран за нивното основање и идејата не наишла на неговото непосредно одобрување. P. Drew, 1970, The poetry of Browning: a critical introduction P.410. Methuen & Co. Retrieved October 2011.
Историја Најраното Браунингово друштво, и со најдолг опстанок, било основано во 1877 година од Хирам Корсон на Универзитетот Корнел, а по него следело Бостонското Браунингово друштво во 1885 година, кое станало најголемо и највлијателно.
До 1900 година имало стотици такви групи низ Соединетите Американски Држави, Канада и Британските Острови.Kennedy, S.R. & Hair, D.S. (2007) The dramatic imagination of Robert Browning: a literary life p.365-375. University of Missouri Press. . Retrieved October 2011.
Најзначајното Браунингово друштво било основано во Лондон во 1881 година од Фредерик Џејмс Фурнивал и Емили Хики кое се состанувала еднаш месечно во Лондонскиот универзитетски колеџ и го проширило читателскиот круг на Браунинг со објавување на помагала за учење за неговите дела, заедно со поевтини изданија и охрабрување за аматерски продукции на неговите драми, но иако односот со друштвото честопати бил напнат, Браунинг ја препознал неговата улога во неговиот успех.
Александра Ор, која подоцна станал биограф на Роберт Браунинг, се среќавала со Браунинг двапати неделно и се придружувала и донирала пари на здружението.
Охрабрена од здружението, таа создала Прирачник за делата на Роберт Браунинг потпомогната од советите на уметникот на животни Џон Тривет Нетлшип, кој напишал некои од најраните дела за Браунинг.
Исто така, истакнат во текот на неговото постоење бил и лекарот и автор Едвард Бердо.
Во фикција
Артур Конан Дојл (2004) Дует со повремен хор, издаваштво „Кесингер“. Шеснаесеттата глава е сместена околу политиката во друштвото Браунинг.
Наводи
Категорија:Книжевни друштва