Обичен јоргован (науч. Syringa vulgaris) ― вид цветно растение од семејството маслинки, Oleaceae. По потекло од Балканскиот Полуостров, широко се одгледува поради своите миризливи цвеќиња во Европа (особено на север и запад) и Северна Америка. Единствен вид на јоргован кој расте во Македонија.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 21 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Опис Syringa vulgaris е голема листопадна грмушка или мало дрво со повеќе стебла, кое расте до 7 метри. Произведува изданоци од основата од коренот, со дијаметар на стеблото до 20 см, што со текот на децении може да произведе мала грмушка. Кората е сива до сиво-кафеава, мазна на младите стебла, надолжно избраздена и лупечка на постарите стебла.

Листовите се едноставни, 4-12 см и 3–8 см широки, светло зелени до сиво-сини, овални до срцевидни, со пердувести ленти на листот, мукронатен врв и цел раб. Тие се распоредени во спротивни парови или повремено во спирали од по три.

Цветовите имаат цевчеста основа. Венечните ливчиња долги 6–10 мм обично по боја лилави, повремено бели. Плодот е сува, мазна, кафеава капсула, 1–2 см долги, се делат на два дела за да ги ослободат семките со две крилја.

Таксономија Syringa vulgaris првпат формално ја опишал Карл Линеј во 1753 година, а описот бил објавен во Species Plantarum. Специфичниот епитет vulgaris е латински за „чест“ (во смисла на „широко распространет“).

Распространетост и живеалиште Видот потекнува од јужниот дел на Балканскиот Полуостров, каде што се среќава во Србија, Македонија, Бугарија и пограничните региони, главно јужно од Дунав. Расте на карпести ридови. Одгледуван е поради своите миризливи цветови. Не се смета за агресивен вид. Се наоѓа во дивината на широко расфрлани места, обично во близина на минати или сегашни човечки живеалишта.

Во Македонија расте во клисури на реки во термофилни дабови шуми и грмушести тревести места од бел габер, шумски чистини, варовнички камењари и карпи, најчесто врз варовничка подлога, до 1200 метри надморска височина. Познат е за Жеденска Клисура, Скопје, Водно, Матка, Скопска Црна Гора, Велес, Мариово. Се посочува за Зелениково уште од 1897 година, потоа го има во Охридско, Преспанско, Крива Паланка, Демир Капија, Прилеп, клисурата на Црна Река, Здуње, помеѓу Велес и Зелениково, и на други места. мини|Јоргован, од Винсент ван Гог, 1889 година

Употреба Цветовите од обичниот јоргован се јадат и се користат за ароматизирање на мед, шеќери, храна и други слатки.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Градинарски растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија