Гроздест руј () — листопадна грмушка или мало дрво од семејството на руевите (Anacardiaceae). Домороден е во јужна Европа и западна Азија, вклучувајќи ја Македонија. Сушените плодови се користат как озачин наречен „сумак“, особено во комбинација со други зачини во приправката наречена заатар.
Распространетост и живеалиште Растението е домородно во јужна Европа и западна Азија, вклучувајќи го Источното Средоземје, Крим, Кавказ и северен Иран, но денес е одомаќинето во речиси целото Средоземје и Макаронезија.
Застапеност во Македонија Во Македонија гроздестиот руј од ботаничарите е забележан во клисурата Матка, Таорската Клисура; клисурата на р. Тополка; Дреновската Клисура; планината Богословец во Овчеполието; на Серта; клисурата на Конска Река и Беласица (над с. Банско). Се посочува за околината на Скопје; Кара Балија, планините Флора, Пржиград и Дудица; Валандово, c. Кајали; на планината Кожуф, Градец во Валандовско, Водно кај Скопје; ЖС „Пчиња“, Свети Јован, ЖС „Рајко Жинзифов“, на Црна Река, Врапче, Јаворлица, Бел Камен, Штип; Струмичко (Рудски, 1943); Клисура на р. Бабуна, Дошница, Светиниколска Река, Брегалница; помеѓу р. Пчиња и Свети Николе; планината Даб во Дојранско, Осој кај Скопје.
Одгледување Гроздестиот руј и издржлива е сушоотпорна листопадна грмушка која достигнува висина до 3 м во просек, а највеќе до 5 м кога има облик на дрво. Претпочита припек. It is чувствителен на мраз. The plant will grow in any type of soil that is deep and well-drained, including poor, rocky, alkaline or slightly acidic soils.Plants for a Future database accessed August 2010
Примена Плодот има кисел вкус; исушен и столчен е популарен зачин на Блискиот Исток, особено во зачинската приправка заатар. Се јадат и незрелите плодови и семиња. Зрелите плодови биле познати во Европа уште пред лимонот; старите Римјани го користеле за закиселување во преливи. Традиционално се користи за намалување на липидите во телото.
Листовите и кората употребувале во штавењето на кожа и содржат танинска киселина.
Различни делови од растението даваат црвено, жолто, црно и кафеаво вапсило за бонбони.
Маслото од семињата може да послужи во правењето бомбони.
Галерија
Наводи
Категорија:Гроздести руеви Категорија:Зачини Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј