Сњежник — карстна планина во внатрешноста на Риека, во западниот дел на Горски Котар.

Од врвот има поглед на Кварнерските Острови, Риечкиот Залив, Обруч, Истра и нејзиниот највисок врв Учка, словенечкиот Снежник, а зад него, со добра видливост, се гледаат Камничко-савињските Алпи.

Планинскиот масив Сњежник се наоѓа северозападно од малку повисокиот Рисњак, а на југоисток се гледаат врвовите Велики Рисњак и Велика Капела и Велебит во позадина.

Сњежник претставува карпест гребен долг 10 км кој се протега од северозапад кон југоисток, опкружен со планински ливади.

Именуван е по големите количини снег кои зачудувачки и покрај тоа што се блиску до морето, остануваат до доцна пролет.

Во непосредна близина на врвот се наоѓаат природните живеалишта на карстниот еделвајс (Leontopodinum alpinum ssp. krasense) и 16 м под врвот се наоѓа планинската колиба Сњежник.

Врвот Сњежник се наоѓа во Националниот парк Рисњак, а благодарение на својата изолирана местоположба и висина, погледот од точката на околу 1500 метри надморска височина е еден од најубавите во Хрватска.Snježnik – vrh - Hrvatski vrhovi - Hrvatski planinarski savez Благодарение на својата изолирана локација и надморска височина, погледот од точката на гледање на 1.506 метри надморска височина е еден од најубавите во Хрватска.Snježnik : Climbing, Hiking & Mountaineering : SummitPost

Наводи

Категорија:Приморско-горска жупанија Категорија:Планини во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците