КК АБА Струмица е поранешен македонски кошаркарски клуб со седиште во Струмица. Клубот бил поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.

Историја

АБА Струмица била формирана во 2005 година со спојувањето на АБА Струмица со клубот Јака Радовиш и започнал со работа претежно со младински категории. Нивното име "АБА" значи "Adonai Basketball Academy" бидејќи нивниот спонзор била Протестантската Црква од САД која намената и била ширење на христијанството преку вложување на спортски проекти. Во сезоната 2007/2008 клубот дебитирал во Втората македонска кошаркарска лига. По добрата 2009/2010 сезона, клубот се пласирал во Првата Лига. Во сезоната 2011/12, екипата завршила на последното место во Плејаут-от, со што заминала во Втората Лига за следната сезона. Меѓутоа, во летото 2012 година, АБА Струмица со повеќе струмички кошаркарски клубови се фузирала и се создал нов клуб Струмица.

Состав Просечната висина на играчите на АБА Струмица била 197.15 cm, додека просечната старост е 25.3 години. Составот на АБА Струмица за сезоната 2010/11 е:

број име висина см позиција година држава претходен клуб5Џон Чепел208ЦЕсказу14Ендру Стомсон185БСеверозападен Колеџ8 Марио Хасанов198Н1986Кожув 12Слободанчо Хаџивасилев208Ц1981Милениум9Петре Цветковјуниорски тим4Зоран Делев 184Н1984Кожув7Зоран Стојанов202Н/Ц1985АМАК СП14Џеремаја Босвел194Б1982МГС Гранд 6Дејвид Бучбергер193 БЛихај Универзитет24Маркус Нил 196Б1986Делавер15Јордан Николов200Н1979Неметали Огражден10Ване Заев196Н1990Торус13Дејан Вегов205Н/Ц1983Илинден11Иван Чикарски194Н/Ц1991јуниорски тим

Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Струмица Кошарка во Македонија

Наводи

Надворешни врски Фан клуб на Кајгана форум

Категорија:Кошаркарски клубови од Струмица Категорија:Спортски клубови од Струмица Категорија:Македонски кошаркарски клубови Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2012 година во Македонија