Конвенцијата за патен сообраќај, најчесто позната како Виенската конвенција за патен сообраќај, е меѓународен договор кој има за цел да го олесни меѓународниот патен сообраќај и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку воспоставување на стандардни сообраќајни правила меѓу договорните страни. Конвенцијата беше договорена на Конференцијата за патен сообраќај на Економскиот и социјален совет на ООН (7 октомври – 8 ноември 1968) и беше склучена во Виена на 8 ноември 1968 година. Оваа конференција исто така ја изработи и Конвенцијата за патни знаци и сигнали. Конвенцијата имаше амандмани на 3 септември 1993 година и на 28 март 2006 година. Постои и Европски договор за надополнување на Конвенцијата за патен сообраќај (1968), кој беше склучен во Женева на 1 мај 1971 година.
Наводи
Категорија:Патен сообраќај