Белотинско Езеро (, Лимни Левкогион) — вештачко езеро на реката Пикла во Драмско, Егејска Македонија.

Создадено е во 1994 г. со изградбата на брана со должина од 320 м. Се наоѓа на 8 км од општинското седиште Зрново, источно од селото Белотинци (Левкогија), по кое е наречено. Зафаќа површина од , а вкупната зафатнина на акумулациониот базен изнесува 13.000.000 м3. По северните брегови има мочурливи површини, а особеност на езерото се малите фјордови и насечената морфологија на брегот.

Поврзано Пикла Белотинци

Наводи

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)