мини|245п|Слика на уроборос во алхемиски трактат од 1478 г. Автор — Теодор Пелеканос (грчки: Θεόδωρος).

Уроборос (буквално — „оној што си ја јаде опашката“, од грчки: οὐροβόρος од οὐρά „опашка“ + βορά „храна, јадење“) — змија или змеј, свиени во круг и со забите ја гризаат сопствената опашка. Уроборосот е еден од најстарите симболи познати на човештвото, чие точно потекло — историски период и конкретна култура — е невозможно да се утврди.

Овој симбол има мноштво различни значења. Најчестото толкување го опишува како претстава на вечноста и бесконечноста, особено на цикличната природа на животот: менувањето на создавањето и уништувањето, животот и смртта, постојаното преродување и пропаѓање. Симболот на уроборосот има богата историја на користење во религијата, магијата, алхемијата, митологијата и психологијата. Еден од неговите аналози е свастиката — двата древни симбола означуваат движење на космосот.

Се смета дека во западната култура овој симбол пристигнал од Стар Египет, каде првите слики на змија свиена во круг датираат од периодот меѓу 1600 и 1100 г. пр. н.е.; тие ја олицетворувале вечноста и вселената, како и циклусот на смртта и преродувањето. Голем број историчари претпоставуваат дека токму од Египет симболот на уроборосот се преселил во Стара Грција, каде почнал да се користи за означување на процеси што немаат почеток и крај. Меѓутоа, точното утврдување на потеклото на овој лик е отежнато, бидејќи негови блиски аналози се среќаваат и во културите на Скандинавија, Индија, Кина и Грција.

Симболот на змија свиена во круг се среќава во прикриен облик во Мезоамерика, особено кај Ацтеките. И покрај тоа што змиите играле значајна улога во нивната митологија, прашањето за непосредна поврзаност на пантеонот на ацтечките богови со уроборосот кај историчарите останува отворено — така, без какви било подетални коментари, Б. Розен ја споменува Кетцалкоатл, а М. Лопес — Коатликуе.

Стар Египет, Израел и Грција 170п|мини|десно|Слика на уроборос од книгата „Chrysopoeia of Cleopatra“ (хелинистички период) Џ. Бопри, опишувајќи ја појавата на сликите на уроборосот во Стар Египет, тврди дека овој симбол се нанесувал на ѕидовите на гробниците и го означувал чуварот на загробниот свет, како и моментот на премин меѓу смртта и преродувањето. Првата појава на знакот на уроборосот во Стар Египет потекнува приближно од 1600 г. пр. н. е. (според други податоци — 1100 г.). Змијата свиена во круг, на пример, е изделкана на ѕидовите на храмот на Озирис во античкиот град Абидос. Симболот, меѓу другото, претставувал израз на трајноста, вечноста и/или бесконечноста. Во разбирањето на Египќаните, уроборосот бил олицетворение на вселената, рајот, водата, земјата и ѕвездите — сите постоечки елементи, стари и нови. Зачувана е поема, напишана од фараонот Пијанхи, во која се споменува уроборосот.

У. Бекер, говорејќи за симболизмот на змиите како такви, забележува дека Евреите уште од антиката ги разгледувале како заканувачки, зли суштества. Во текстот на Стариот завет, конкретно, змијата се вбројува меѓу „нечистите“ суштества; таа го симболизира сатаната и злото во целина — така, змијата е причина за изгонот од рајот на Адам и Ева; ставот дека меѓу змијата од рајската градина и уроборосот треба да се стави знак на равенство, го поддржувале и некои гностички секти, на пример, Офитите.

Историчарите претпоставуваат дека од Египет симболот на уроборосот попаднал во Стара Грција, каде рамноправно со фениксот почнал да олицетворува процеси што немаат крај и почеток. Во Грција змиите биле предмет на почитување, симбол на здравјето, а исто така се поврзувале со загробниот свет, што нашло одраз во мноштво митови и легенди. Самото име „дракон“ (грчки: δράκων) се преведува дословно како „змија“.

Наводи

Надворешни врски

BBC Culture – The ancient symbol that spanned millennia Min Chen. Unlocking the Occult: 5 Mystical Symbols and Their Secret Histories

Категорија:Египетска митологија Категорија:Змејови Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Магиски симболи Категорија:Аналитичка психологија Категорија:Херметизам Категорија:Старогрчки митски суштества