Свети Атанасиј — главна селска црква во битолското село Совиќ, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, околу која се сместени селските гробишта.

Историја

Црквата била изградена во 1860 година. Претходно, на тоа место имало црквиште од некогашното село. Изградбата на црквата била помогната од чифлигсајбиите Арслан-бег и Даљан-бег, кои во отоманско-црногорската војна поминале некое време во црногорско заробеништво.

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Краварско-бачка парохија Совиќ

Наводи

Совиќ