Градина Боднант () — имот на Националната доверба во близина на Тал-и-Кафн, Конви, Велс, со поглед на долината Конви кон планините Карнедау.
Основана во 1874 година и развиена од 5 генерации на едно семејство, а во 1949 година била доделена на Националната доверба.
Градината се протега на 0.8км2 рид и вклучува формални италијански тераси, неформални грмушести граници исполнети со растенија од целиот свет, а долината, клисурска градина, области со шумска градина се со голем број значајни дрвја и водопад.
Од 2012 година, биле отворени нови области, вклучувајќи ја Зимската градина, Олд Парк Медоу, Тис Дел и Фар Енд, градина покрај реката.
Во 2017 година била отворена и Фурнес Вуд енд Медоу, а постојат планови за отворање на повеќе нови области, вклучувајќи ги Хедер Хил и Кеј Поет Медоу.
Градината е означена како I степен, највисок степен, во Регистарот на паркови и градини од посебен историски интерес во Велс.
Градината Боднант ја посетиле над 274.000 луѓе во 2024 година и е познат по својот лак од Laburnum кој е најдолг во Велика Британија и кој цвета во мај и јуни.
Градината е исто така позната по нејзината поврзаност со ловците на растенија од почетокот на 20 век, чии експедиции ја формирале основата на петте Национални колекции на растенија во градината - магнолија, Embothrium, Eucryphia, Rhododendron и хибриди од боднантски Rhododendron. мини|Лакот од Laburnum мини|Тераси и езерце со лилјани, со планините Карнедау во позадина мини|Рододендрони мини|Остава за чамци и езеро мини|Нарциси мини|Пин Мелницата и Лили Понд
Историја Градината била основана од Хенри Дејвис Почин, викторијански индустриски хемичар роден во Лестершир, кој стекнал слава и богатство измислувајќи процес за бистрење на колофонот што се користел во сапунот, претворајќи го од традиционална кафеава во бела и така станал успешен бизнисмен и пратеник во Солфорд.
Во 1874 година го купил имотот Боднант и го вработил Едвард Милнер, чирак на Џозеф Пакстон, за да го редизајнира земјиштето околу постојната куќа од џорџијански стил кое тогаш било само тревници и пасишта.
Тие го преуредиле ридот и долината, садејќи американски и азиски четинари на бреговите на реката Хираетлин со цел да се создадат арборетум и да ги зајакнат поточните брегови за да создадат шума и водна градина во долината, во стилот на дизајнерот на градини од тоа време, Вилијам Робинсон во неговата книга „Дивата градина“.
Во горната градина го создале лакот од Laburnum и стаклениците со цел да сместат егзотични растенија.
Развојот на градината го продолжила ќерката на Хенри и Агнес Почин, Лаура Мекларен, бароница Аберконвеј, која се омажила за Чарлс Мекларен, прв барон Аберконвеј, а која воедно исто како и нејзината мајка, била активистка за правото на глас на жените и ја основала Либералната унија за право на глас на жените.
Таа била и страсна градинарка и го инспирирала својот син Хенри Мекларен, втор барон Аберконвеј, на кого му ја доверила грижата за градината во 1901 година. Тие заедно го создале лизгалиштето на крајниот дел и започнале да работат на италијанските тераси, а Хенри Мекларен ги надгледувал главните развои на градината и спонзорирал експедиции за лов на растенија од тоа време од истражувачи како што се Ернест Хенри Вилсон, Џорџ Форест и Френк Кингдон-Вард, кои донеле растенија од Кина и Хималаите, вклучувајќи магнолии, камелии и рододендрони.
Тој, исто така, инвестирал во програма за размножување на растенија во која се произведувале хибридни боднантски рододендрони.
Од 1905 до 1914 година, Хенри го надгледувал завршувањето на петте тераси кој бил масивен проект за земјени работи извршен од луѓе без машини, кој вклучувал израмнување на ридот и изградба на гранитни потпорни ѕидови кои обезбедувале заштита за нежните растенија донесени во градината од странство.
Во 1983 година на терасата била додадена зградата Пин Мил која првично била изградена во 1730 година во Глостершир, а спасена од распаѓање од Хенри, кој ја демонтирал и ја донел во Боднант, обновувајќи ја тула по тула.
Во текот на првата деценија од 20 век, континуираниот развој на градината бил партнерство помеѓу три генерации од семејството Мекларен - Хенри, Чарлс и Мајкл - и три генерации главни градинари Фредерик, Чарлс и Мартин Падл.
Како и неговиот татко, Чарлс Мекларен станал претседател на Кралското хортикултурно друштво (КХД) во 1961 година, а како и неговиот татко и баба, тој бил награден и со највисокото признание на КХД, Викториевиот медал на честа.
Сестрата на Чарлс, д-р Ен Мекларен, била една од водечките британски научници и пионер во техниките на репродуктивната биологија што довеле до ин витро оплодување (ИВФ) и истражување на ракот.
Хенри потоа станал претседател на КХД и бил таму 22 години и го убедил Националниот фонд да ги прифати градините според нивните сопствени заслуги и во 1949 година ја предал градината Боднант на Националниот фонд, втората градина по градината Хидкот.
Во 2003 година имотот го наследил синот на Чарлс, Мајкл Мекларен кој бил адвокат и продолжил да работи како управител на градината.
Во 2006 година функцијата главен градинар ја презел Трој Скот Смит, а во 2015 година била наследена од Џон Рипин.
„Поемата“ мини|„Поемата“ Сместен во област на Границите на грмушките во градината, „Поемата“ е мавзолејот на семејството Мекларен која се наоѓа на карпест изданок на крајот од долината позната како дел и е воедно заштитен споменик од втор степен поради архитектонски интерес.
Бил дизајниран од архитектите В. Џ. Грин од Лондон, а спектакуларниот мермер внатре бил извајан од Семјуел Барфилд од Лестер. Кровот е од шкрилец, во плиток пирамидален стил со парапет и осумаголни кули во секој агол, а над засводениот влез со вусоари потпрени на столбови од црвен мермер, се наоѓа лента од песочник со врежан натпис „Поемата“ со издигнати декоративни букви.
Била изградена во 1882 година од основачот на градината, Хенри Дејвис Почин, како спомен на неговите деца, од кои 4 починале во детството, а неоготската конструкција сега содржи бисти и спомен-плочи посветени на членовите на семејството Мекларен чии останки лежат во криптата подолу. Овие споменици се наоѓаат во 20 ниши со засводен врв поставени во внатрешните ѕидови на зградата.
Мавзолејот последен пат бил користен во 2003 година по погребот на Чарлс Мекларен, 3-ти Барон Аберконвеј.
Растенија и ловци на растенија алт=Laburnum arch at Bodnant Garden in bloom with yellow blossoms|мини|Лакот од Laburnum во градината Боднант во цут Градината Боднант има поврзаност со истражувачите од 19 и почетокот на 20 век, кои донеле растенија за градината, вклучувајќи 4 Национални колекции, од видовите Rhododendron forrestii, Magnolia, Eucryphia и Embothrium, а денес, градината има и 22 шампионски дрвја, познати по нивната возраст, висина и хортикултурна вредност.
Наследството на Хенри Почин за Боднант било садењето на големите четинари во градината, кедарите на терасата Лили (од Африка и Блискиот Исток) и пинетумот во Дел, кои вклучувале американски и азиски четинари, вклучувајќи:
Pseudotsuga menziesii Pinus radiata, Sciadopitys verticella Chamaecyparis pisifera Sequoiadendron giganteum
Следната фаза од ловот на растенија била под водство на внукот на Почин, Хенри Мекларен, втор лорд Аберконвеј, кој спонзорирал експедиции од едвардијанскиот период, кои донеле голем број рододендрони, камелии и магнолии во Британија.
Меѓу значајните ловци на растенија поврзани со градината Боднант бил Ернест Вилсон, кој многу патувал во Кина, а првпат бил ангажиран од познатиот расадник Веич со специфична задача да донесе семе од дрвото Davidia involucrata, од кое едно сè уште расте во грмушките граници на градината Боднант. Тој, исто така, вратил многу магнолии по кои е позната градината, и други дрвја, вклучувајќи ги Acer griseum, Meliosma beaniana, Sorbus meliosmifolia, а воедно го открил и вратил Lilium regale, кој сега расте на терасите со рози.
Во 1917 година, неодамна формираното Здружение за рододендрони, чиј истакнат член бил Лорд Аберконвеј, го вработило ловецот на растенија Џорџ Форест за да набави рододендрони.
Форест бил искусен истражувач кој собирал растенија во западна Кина и Тибет за сопственикот на расадникот, Артур Були, а неговите експедиции донеле семе од многу нови рододендрони, а градинарите на Боднант можеле да ги одгледуваат растенијата во голем број.
Лорд Аберконвеј и неговиот главен градинар Фредерик Падл започнале со хибридизација на новите видови рододендрони што ги одгледале со цел да создадат хибридни боднантски рододендрони, од кои градината има околу 350.
Форест, исто така, вратил во градината Боднант семе од Primula bulleyana, кое сè уште се гледа низ градината.
Во текот на 2 и 3 деценија од 20 век, Френк Кингдон-Вард спровел бројни експедиции на Хималаите што резултирале со воведување на голем број нови видови во градината Боднант, вклучувајќи го и хималајскиот син афион (Meconopsis betonicifolia), а воедно собирал и воведувал рододендрон, вклучувајќи го и Rhododendron cinnabarinum.
Во 1925 година, Харолд Фредерик Комбер бил спонзориран од сопственици на градини, кои се нарекувале себеси Синдикат на Андите, предводен од Лорд Аберконвеј, за да патува во Јужна Америка., а ова му дало на Боднант основа за две од неговите национални колекции.Embothrium coccineum и Eucryphia.
Големо внимание било посветено на заштитата на некои од другите интродукции на Харолд Комбер од Јужна Америка, од кои многу биле засадени покрај заштитен ѕид зад лакот од Laburnum.
Некои од растенијата на Комбер сè уште растат таму денес, како што се Crinodendron patagua и Desfontania spinosa.
Медиумски настапи
Во текот на летото 2018 година, во Боднант се одвивало снимањето на филмот „Тајната градина“, во режија на Марк Манден. Градината била место на снимање на две епизоди од „Antiques Roadshow“ на BBC One во февруари и април 2021 година, снимени во 2020 година.
Наводи
Надворешни врски
Национална доверба градината Боднант - Матична мрежна страница Влез во Боднант од „ДиКамило Компани“ до британските и ирските селски куќи Илустриран водич за Сноудонија од градината Боднант Градина Боднант - Голема британска пропусница за наследство www.geograph.co.uk : фотографии од градината Боднант и околината
Категорија:Ботанички градини во Обединетото Кралство