Ботаничка градина Крукшенк – ботаничка градина во Абердин, Шкотска изградена на земјиште кое Ан Крукшенк му го подарила на Универзитетот во Абердин на 13 април 1898 година во чест на нејзиниот брат д-р Александар Крукшенк.
Градината од 45.000м2 се наоѓа во ниско поставена и прилично заштитена област на Абердин, на помалку од 1.6км од Северното Море.
Градината е во делумна сопственост и финансирана од универзитетот, а делумно од Фондот за ботаничка градина Крукшенк, а пријателите на Ботаничката градина Крукшенк активно ја промовираат и поддржуваат градината, па така за време на летните распусти, тие обезбедувале стипендија со цел да им овозможат на студентите заинтересирани за ботаника да стекнат работно искуство во градините.
Иако е отворена за јавноста, градината е широко користена и за наставни и за истражувачки цели, а природонаучниот центар редовно организира училишни забави низ градината, а Факултетот за биолошки науки при Универзитетот во Абердин организира прием за дипломираните студенти и нивните гости секој јули.
Плоча во Ботаничката градина Крукшенк е во чест на Франсис Масон, шкотски ботаничар, градинар и прв ловец на растенија во градините Кју. Галерија
Поврзано Зелени површини и пешачки патеки во Абердин
Наводи
Надворешни врски
Извадок преземен од веб-страницата на Универзитетот во Абердин
Категорија:Ботанички градини во Шкотска Категорија:Ботанички градини во Обединетото Кралство