Австриски лен () — цветно растение од семејството на леновите (Linaceae).
Домородна е од источна Средна Европа до Западна и Средна Азија. На Балканот најзастапена е во Р. Македонија, Егејска Македонија и Тесалија.
Во Македонија Во Р. Македонија австрискиот лен расте по ридски и планински пасишта и камењари, речиси на целата територија на земјата.
Познат е за Скопска Црна Гора (Љ. Групче), Скопско — Катлановско Блато, с. Нова Брезница; Тетовско — с. Рогачево; Таорска Клисура, клисура на р. Пчиња и клисура на р. Тополка; Кумановско — с. Слупчане, с. Пчиња, помеѓу с. Доброшане и с. Орашац; Велешко — Гроот, с. Чашка, с. Уланци, с. Ногаевци, (†) с. Јаношево, Светиниколско — с. Делисинци, с. Кадрифаково; околината на Штип; околината на Кочани; Кичево — помеѓу с. Прострање и с. Големо Црско; Порече — Барбарас; Прилепско — Дабничка Планина (Д. Абрашевски), с. Дебреште; Неготинско — Војшанска Река, с. Криволак, (†) с. Џидимирци;
Се посочува за Прилепско — Плетвар, Демир Капија, с. Градско, пл. Голешница (Vandas, 1909); Мариово — Лубеница (Herzog, 1922); Битола (Velenovský, 1922); околината на Струмица (Рудски, 1943).
Наводи
Категорија:Лен (род) Категорија:Флора на Македонија