Галски лен или француски лен () — цветно растение од семејството на леновите (Linaceae) домородно во Јужна Европа (со Македонија), Западна Азија, Северна Африка, Африканскиот Рог и некои океански острови како Мадејра, Канарските Острови и Сокотра. Достигнуваат висина до 0,18 м.

Во Македонија Во Македонија галскиот лен расте по ридските пасишта, до наморска висина од 1.000 м.

Познато за Скопско — с. Петровец, с. Катланово; Скопска Црна Гора; Македонска Каменица; Битолско — с. Кукуречани, Црновршка Река; Ресен — помеѓу с. Грнчари и с. Езерани; Струмица — с. Банско.

Се посочува за Охридско — с. Љубаништа, Струшко — с. Ташмаруништа (Черњавски, 1943); Дебар — с. Баниште (Николовски & Матвејева, 1974).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лен (род) Категорија:Флора на Македонија