Теснолистен лен () — цветно растение од семејството на леновите (Linaceae). Домородно е за Средна и Јужна Европа, Црноморјето и Кавказ, северот на Блискиот Исток до северозападен Иран.
Ова е повеќегодишно растение на каменливи, алкални и суви места и се смета дека се проширило од реликтни каменливи степи во Европа.
Во Македонија Во Македонија теснолисниот лен е широко распространето растение. Вирее по ридски пасишта и камењари, главно врз варовник, и тоа од низините, па до 1.600 м.н.в.
Познато е за Скопска Црна Гора (Групче), Скопје — Водно, с. Горно Нерези, помеѓу езерото „Треска“ и с. Кондово; пл. Китка; Жеденска Клисура: Таорска Клисура, клисура на р. Пчиња; клисура на р. Радика; Дебарско — с. Баниште, с. Косоврасти; Кичевско — Баба Сач: Порече - Барбарас; Прилепско — с. Дебреште, пл. Козјак; пл. Галичица; пл. Кожуф; Велешко — с. Отовица, с. Уланци, (†) с. Нежилово; помеѓу с. Нежилово и изворот на Бабуна; Светиниколско — с. Делисинци; Делчевско — Арнаутски Гроб; Дојранско — с. Николиќ и (†) поранешното с. Асанли.
Се посочува за многу места во Македонија, како на пр.: пл. Ниџе (Grisebach, 1843); пл. Бистра — Јама (Beck, 1904); Кичевско — Суво Поле, Битолско — с. Мојно (Vandas, 1909); пл. Јакупица — Драчевска Височина (Кошанин, 1911); Мариово - Лубеница (Herzog, 1922); Кавадарци (Јуришић, 1923); Кавадаречко — с. Дреново, Валандовско — с. Удово, Гевгелиско — с. Конско (Bornmüller, 1925); Велешко — пл. Клепа, Рајан (Bornmüller, 1927); Кавадаречко — с. Грбовец (Rohlena, 1935); Скопско - Капина, с. Катланово, с. Зелениково, Штип (Soška, 1938, 1939, 1940); клисура на р. Треска (Петровић, 1940); Струмичко — Чам Чифлик, Косови Ниви (Рудски, 1943).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лен (род) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година