На 1 и 2 јуни 1966 година, претседателот на Соединетите Држави, Линдон Џонсон, ја одржал Конференцијата за граѓански права во Белата куќа ― истакната конференција што се залагала за законодавство во добата на граѓанските права. Конференцијата била изградена врз основа на моментумот на Законот за граѓански права од 1964 година и Законот за право на глас од 1965 година, бидејќи нејзина цел била да се справи со дискриминацијата против црнците од Соединетите Држави.

Една година пред одржувањето на конференцијата, претседателот Џонсон го ветил нејзиното одржување во својот говор по повод доделувањето на наградите на Хауардовиот универзитет. На повод доделувањето на наградите, тој изјавил дека оваа конференција ќе биде насловена како „Да бидат исполнети овие права“ и дека ќе ги спроведе уставните права на црнците кои им се неправедно ускратени.Johnson, Lyndon B. To Fulfill These Rights: Commencement Address at Howard University. 4 јуни 1965, What So Proudly We Hail, https://www.whatsoproudlywehail.org/wp-content/uploads/2013/01/Johnson_To-Fulfill-These-Rights.pdf Една година подоцна, ова ветување било исполнето на Конференцијата за граѓански права во Белата куќа со над 2.500 учесници, кои ги претставувале сите главни групи за граѓански права.Yuill, Kevin L., "The 1966 White House Conference on Civil Rights," The Historical Journal 41, бр. 1 (март 1998): 259-82. Тоа е, сите главни групи за граѓански права освен Студентскиот ненасилен координативен комитет (СНКК), кој ја бојкотирал конференцијата. Овој бојкот се случил поради верувањето дека администрацијата на Џонсон не била искрена во своите тврдења дека ги обезбедува правата на црнците. Оваа загриженост се покажала како погрешна, бидејќи конференцијата се насочувала на четири области на дискусија во врска со еднаквиот пристап до следниве теми: правосуден систем, финансиска стабилност, живеалиште и школување. Од конференцијата произлегол извештај од сто страници во кој се повикувал на „законодавство за забрана на расна дискриминација во домувањето и спроведувањето на кривичната правда и... се предложува зголемување на сојузните трошоци за подобрување на квалитетот на домувањето и образованието“.Lawson, Steven F. Civil Rights Crossroads: Nation, Community, and the Black Freedom Struggle. Lexington, Kentucky: The University Press of Kentucky, 2003. .

Во однос на правосудниот систем, биле дадени предлози за подобрување на законите за граѓански права. Еден од проблемите што биле забележани, бил фактот дека злосторствата поврзани со граѓанските права не биле сфаќани доволно сериозно, бидејќи тие биле разгледувани само во државните судови. Така, на оваа конференција била појавена идејата случаите за граѓански права да бидат предмет на сојузниот суд."White House Conference on Civil Rights." In CQ Almanac 1966, 22. изд., 473-77. Washington, DC: Congressional Quarterly, 1967. http://library.cqpress.com/cqalmanac/cqal66-1301818. Понатаму, било предложено законодавство за поставување стандарди за избор на порота и во државните и во сојузните судови за да биде ограничена дискриминацијата на поротниците."1966 Civil Rights Act dies in Senate." In CQ Almanac 1966, 22. изд., 450-72. Washington, DC: Congressional Quarterly, 1967. http://library.cqpress.com/cqalmanac/cqal66-1301767. Исто така, било предложено законодавство за користење на Законот за помош при спроведување на законот од 1965 година за да биде започната сојузна програма. Оваа сојузна програма би го принудила државниот обвинител да обезбеди средства за етичка полициска пракса."Law Enforcement Training." In CQ Almanac 1965, 21. изд., 634-35. Washington, DC: Congressional Quarterly, 1966. http://library.cqpress.com/cqalmanac/cqal65-1259873. Конечно, бил предложен закон за спроведување на рехабилитација на затворениците, каде што би биле спроведувани програми за ослободување од работа."Prisoner Rehabilitation." In CQ Almanac 1965, 21. изд., 635. Washington, DC: Congressional Quarterly, 1966. http://library.cqpress.com/cqalmanac/cqal65-1259877.

Второ, по правосудниот систем, друга загриженост што ја разгледа конференцијата бил финансиската стабилност на црнците, бидејќи несигурноста на работното место во црнечката заедница била висока. Било предложено да бидат воспоставени Метрополитенски совет за работа и Работна група за рурални работни места за да биде обезбедена распределба на работните места меѓу луѓето и од урбаните и од руралните средини. Биле предложени и други програми за работа, како што се: работни места за млади црнци,"Equal Employment." In CQ Almanac 1966, 22. изд., 481-83. Washington, DC: Congressional Quarterly, 1967. http://library.cqpress.com/cqalmanac/cqal66-1301843. загарантирани работни места за оние на кои им недостасуваа вештини,"Manpower Training Act Amendments Passed." In CQ Almanac 1966, 22. изд., 841-43. Washington, DC: Congressional Quarterly, 1967. http://library.cqpress.com/cqalmanac/cqal66-1300532. и федерализација на Службата за вработување на Соединетите Држави (СВСД) со цел да бидат воспоставени повеќе средства за работни места."Technology Report." In CQ Almanac 1966, 22. изд., 843-46. Washington, DC: Congressional Quarterly, 1967. http://library.cqpress.com/cqalmanac/cqal66-1300540.

Со цел да биде обезбедено уставно обезбедување домување за црнците, било разговарано за донесување Извршна наредба за спроведување на десегрегација во рамките на станбената индустрија. Заедно со неколку други предлози, бил потпишан проект за домување за да биде донесен сојузен закон што ќе пропишува еднакви можности за домување.

Образовните цели на оваа конференција вклучувале воведување на Наслов VI од Законот за граѓански права од 1964 година до неговиот целосен потенцијал - сојузен закон кој „забранува дискриминација или на друг начин исклучување на поединци врз основа на раса, боја на кожа или национално потекло“. Ова спроведување значи целосно реорганизирање на образовниот систем преку прво назначување на Претседателска работна група за да ги донесе стандардите за такви промени. Некои од овие промени вклучувале: промена на техниките на настава, наставната програма и целите.

Иако оваа конференција била прва од ваков вид од страна на претседател, предложените измени не ја покажале моќта на оваа конференција - туку резултатите. Две години по конференцијата, бил донесен Законот за праведно домување од 1968 година. Овој закон првично бил донесен за да биде забранета „дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, религија или национално потекло“ како последица на конференцијата. Оттогаш, Законот бил изменет за да вклучи мерки против дискриминација врз основа на пол, состав на домаќинството и попреченост. Воглавно, Конференцијата за граѓански права во Белата куќа е пресвртница која имала големо влијание врз минатото, сегашноста и иднината.

Поврзано

Чикашко движење за слобода

Наводи

Категорија:Историја на граѓанските права во Соединетите Американски Држави Категорија:Конференции на Белата куќа Категорија:Конференции во 1966 година