Франсоаз Арнул (родена Франсоаз Анет Мари Матилд Гош; – ) — француска актерка која постигнала популарност во текот на 1950-ти години
Ран живот Родена во Константин, Француски Алжир, таа била ќерка на сценската актерка Жанин Анри и артилерискиот генерал Шарл Гош; имала двајца браќа. Додека нејзиниот татко продолжил со воената служба во Мароко, остатокот од семејството се преселил во Париз, под Привремената влада на Француската Република, во 1945 година.
Кариера Откако таа студирала драма во Париз, таа била забележана од режисерот Вили Розие, кој ѝ понудил главна улога во филмот „Урнатите“ (1949).
Арнул глумела во филмови како „Забрането овошје“ (1952) на Анри Вернеј, „Француски канкан“ (1954) на Жан Реноар, „Луѓе без значење“ (1956) со Жан Габен, „Мачката“ (1958) на Анри Декоан, „Патот на младоста“ (1959) со Бурвил и „Тестатот на Орфеј“ (1960) на Жан Кокто.
Нејзиното деби во американскиот филм се случил во „Придружници на ноќта“ (1954)./
Подоцна во животот, таа се префрлила на телевизија, појавувајќи се во разни ТВ филмови и на мини-серии. Ја објавила својата автобиографија насловена како „Животна душа на среќа“ во 1995 година.
Личен живот Во 1956 година, Арнул се омажила за агентот за односи со јавноста Жорж Кравен, кого го запознала две години претходно; тие се разделиле во 1960 година. Од 1964 година па натаму, таа станала придружничка на францускиот режисер/сценарист Бернар Пол, врска која траела до неговата смрт во 1980 година.
Арнул починала на 20 јули 2021 година во Париз, на 90-годишна возраст.Décès de Françoise Arnoul, la "Nini" de "French Cancan" de Renoir
Наводи
Надворешни врски
Кратка биографија Статија од Кинотека
Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Француски глумци