Марија Колби — англиска суфражетка и една од првите активистки за право на глас на жените. Подоцна станала членка на Женската социјална и политичка унија (WSPU) и на Здружението за право на глас на жените во Бристол и Западна Англија.

Активизам Колби била еден од првите активистки за правото на глас на жените во Англија. На 10 декември 1880 година, Колби учествувала на состанок што го одржал новоизбраниот пратеник во парламентот на Челтнам, Чарлс де Фериер, на кој бил припремен меморандум за британскиот премиер Вилијам Гладстон, во кој се барало правото на глас да им се даде на жените. Во меморандумот се тврдело дека тоа што на жените им е одземено правото на глас врз основа на нивниот пол е „директно спротивно на фундаменталниот принцип на претставничката влада“.

Колби ја коорганизирала Големата демонстрација во Бирмингем во поддршка на правото на глас на жените заедно со Хариет МекИлкуам, која се одржала на 22 февруари 1881 година. Во 1883 година, Колби организирала состаноци за правото на глас на жените во Дардам Даунс во Бристол 22 последователни вечери.

Колби била меѓу потписничките на писмото за поддршка испратено до првиот состанок на Меѓународниот совет на жени, кој се одржала во 1888 година во Америка. Други потписнички биле Маргарет Танер, Хелен Пристман Брајт Кларк, Емили Стурџ, Мери Естлин и Луиза Свон, сите под насловот „Во друштвото на женственоста“.

Огранокот на Женската социјална и политичка унија (WSPU) во Бристол го отворил Ени Кени во 1907 година, а Колби се приклучила како член. Таа била и член на Здружението за право на глас на жените во Бристол и Западна Англија, подоцна станувајќи платен организатор на здружението.

Колби водела кампања за право на глас на жените тропајќи по вратите во работничката населба „Св. Филип“ и „Св. Јаков“ во Бристол и „стана толку уморна од приговорите за правото на глас на жените, засновани на идејата дека примарна должност на жените е да ги ткаат чорапите“ што објавила оглас за маж со дупки во чорапите за да се ожени во локален весник: „Се бара – поштар за брак, кој чекори со сета сила, или полицаец на должност дење и ноќе, или телеграфски тркач со петлици од рог, кој секојдневно ќе ми носи чорапи за крпење.“

Колби била и членка на Женската либерална федерација, организација поврзана со Либералната партија. Личен живот Колби имала ќерка по име Корделија Колби, која исто така била активна во локалното движење за право на глас на жените.

Наводи

Категорија:Статии со hCards Категорија:Историја на човековите права