Мари-Маргерит Дуплеси Редисон ( – по 1740) — жена од Пауни која била поробена во Нова Франција.
Дуплесис можеби прво била поробена во Ајова од страна на Нацијата Винебаго. Во 1726 година таа му била дадена на францускиот трговец Рене Бураса во близина на Бе-де-Пуан (сега Грин Беј ), кој пак го подарил детето на Мадлен Кулон де Вилиер, вдовицата на Франсоа-Антоан Лефевр Дуплеси Фабе, која живеела во Монтреал во домот на трговецот Етјен Волан де Радисон. Таа била продадена на Луј Форне во 1735 годинал и повторно на Марк-Антоан Уар Дормикур во 1740 година. Дуплеси очигледно, не била покорна, а Дормикур се пожалил дека била развратничка, пијаница и крадачка, и се обидел да ја однесе на Мартиник.
Со помош на адвокатот Жак Нует, Дуплеси го оспорила авторитетот на Дормикур како нејзин господар. На или околу 1 октомври 1740 година, таа поднела барање тврдејќи дека е крстена ќерка на Дуплеси Фабер и барајќи од судот да ја признае како слободна жена. На 20 октомври 1740 година, судот ја отфрлил нејзината молба и го признал Уар Дормикур како нејзин господар и сопственик. Иако нејзината жалба за слобода била неуспешна, таа била една од првите робинки во Нова Франција кои дури успеале нејзиниот случај да биде разгледан од суд.
Ништо не се знае за неа по 1740 година; веројатно била испратена на работа во Мартиник и можеби не го преживеала патувањето.
Наводи
Категорија:Луѓе од Нова Франција Категорија:Починати во 18 век Категорија:Родени во 1710-тите Категорија:Историја на човековите права Категорија:Староседелски народи во Северна Америка