Alyssum simplex — вид едногодишно растение опишано од ботаничарот Рудолфи. Alyssum simplex припаѓа на родот Alyssum и семејството Brassicaceae. Опис и распространетост Сиво-зелено растение со височина до 40 см. Стеблото е поединечно или разгрането од основата, покриено со прилегнати ѕвездести влакна со долги краци. Листовите се издолжено обратно-јајцевидни до копјести, од двете страни со прилегнати ѕвездести влакна со долги краци. Цветовите се во густи гроздовидни соцветија што по прецветување многу се издолжуваат. Цветните дршки се долги околу 1 мм. Чашкините ливчиња се долги 1,5-2 мм, со ѕвездести влакна и на врвот снопче четинести влакна; по прецветување отпаднуваат. Венечните ливчиња се долги 2-3,5 мм, жолти што подоцна побелуваат, на врвот цели или малку всечени, кон основата постепено стеснети, со неколку нежни влакна одоздола. Покусите прашници имаат лушпа во основата со две мали запчиња на врвот, која стигнува до половина од филаментот. Шушменчињата (лодниците) се долги 3,5-5 мм, округли, со густи прилегнати влакна, понекогаш со два крака искривени и стрчат. Капачињата се подуени. Столпчето е долго околу 1 мм и целосно покриено со ѕвездести влакна. Плодните дршки се долги 3-6 мм, странично распрснати и покриени со влакна со долги четинести краци. Семките се темнокафеави, со широк крилест раб.
Расте на суви тревни и каменливи места, варовнички карпи, камењари, меѓи и напуштени ниви, до 1.000 метри надморска височина. Често растение, забележано во Скопје (Катлановска Бања), Велес, Кавадарци (с. Мајден), Валандово, Гевгелија (околина на Нов и Стар Дојран), Кичево (пл. Илиница), Охрид, Струга (Радожда), Таорска Клисура, клисурите на Тополка и Бабуна, и пл. Галичица. Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа