Isoetes phrygia вид на растение од родот Isoetes, единствен вид од тој род кој расте во Македонија.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 43-44, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Ова е многугодишно растение со задебелено грутчесто стебло. Листовите се светло зелени, линејчно шиловидни, долги до 30 см, а широки 0,5-1 мм, собрани во снопчиња, во основата со јазиче. Основата на листот трае неколку години.
Во проширениот базален дел на најнадворешните листови се наоѓаат макроспорангиумите, а на внатрешните - микроспорангиумите.
Во Македонија Расте по влажните станишта на силикатна подлога. Ова е многу ретко раастение. Познато е само за околината на Струмица, помеѓу селата Банско и Габрово, и Прилеп, помеѓу Маркови Кули, манастирот Трескавец и селото Мраморани.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија