Equisetum arvense, попознат како полско коњско опавче или обично коњско опавче, е вид васкуларно растение од семејството коњски опашки, Equisetaceae. Како и сите коњски опашки, тоа е еден вид папрат. Потекнува од арктичките и умерените региони на северната хемисфера. Има две различни форми на раст, плодно стебло што носи спори и стерилно зелено стебло. Понекогаш се меша со Hippuris vulgaris.

Опис Equisetum arvense е повеќегодишно тревно растение кое се шири преку подземен ризом. Тенкиот, филциран ризом слободно се раздвојува и носи кртоли. Видот е диморфен, односно покажува две различни форми на раст, обете произлегуваат од истиот ризом. Плодните стебла што носат спори почнуваат да се појавуваат во април. Откако ќе ги исфрли спорите, плодното стебло веднаш овенува и умира. Стерилните зелени стебла се појавуваат приближно во исто време, но траат во текот на целото лето до првите есенски мразови.

Таксономија Карл Линеј го опишал полското коњско опавче со биномниот назив Equisetum arvense во неговото дело Species Plantarum од 1753 година. Специфичниот епитет arvense е од латинскиот „arvum“, што значи „во ораница“, што се однесува на растењето на растението во обработлива почва или нарушени области. Вообичаеното име „обична коњска опашка“ се однесува на изгледот на растението кое кога е збиено заедно изгледа слично на коњска опашка.

Распространетост и живеалиште Equisetum arvense расте во широк спектар на услови, на температури помали од 5°С до повеќе од 20°С, и во области каде што годишните врнежи од дожд се ниски. Најчесто се јавува во влажни и отворени шуми, пасишта, обработливи површини, покрај патишта, нарушени области и близу до работ на потоци. Претпочита неутрални или малку базични глинести илови почви, кои се песочни или тињасти, особено таму каде што нивото на подземните води е високо, иако повремено може да се појави и на малку кисели почви.

Во Македонија е многу често растение, и се среќава покрај реки, блата, влажни ливади.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 47, МАНУ, Скопје, 1985

Токсичност Equisetum arvense е отровен за добитокот, особено за коњите. Тешко е да се контролира поради неговите обемни подземни ризоми, кои можат да навлезат во почвата до 1,8 метри во длабочина. Оганот, косењето или сечењето се неефикасни против ова растение, бидејќи новите стебла брзо растат од ризомите. Некои хербициди го отстрануваат надземниот раст, но брзо се јавува повторно, иако со намалување на густината на листовите.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Une entreprise en procès pour avoir commercialisé de la prêle Field Horsetail at Biosecurity New Zealand Washington Native Plant Society Short Notes of Equisetum arvense, IEA Paper 2018

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Англија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија