frame|Музејот на Ардабил Ардабил (, Ostān-e Ardabīl) е покраина во Иран. Се наоѓа во северозападниот дел на земјата и се граничи со Азербејџан и со покраините Источен Азербејџан, Занџан, и Гилан. Главен град е истоимениот Ардабил. Покраината е формирана 1993 со одделување од Источен Азербејџан (поголемиот дел) и северниот дел од Гилан.
Клима и географија Во летните периоди температурите не поминуваат преку 35 °C, а во зимите е претежно студено и е до -25 °C.
Најпозната природна атракција е планината Сабалан.
Население Покраината има 1.257.624 жители и мнозинството го сочинуваат Азербејџанци. Северноисточните предели се населени со Талиши.
Наводи
Надворешни врски Ардабил - „Енциклопедија на Орентот“ Ардабил - Каравански туризам Ардабил на „Енциклопедија Ираника“ Портал на Мешкин Шаар Портал на Ардебил
Категорија:Покраини во Иран