Dianthus pubescens — вид каранфил од родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.
Опис и распространетост Повеќегодишно растение чие стебло се разгранува од основата, а горните делови се делат дихотомно. Целото е покриено со жлезди и влакненца. Листовите на стерилните гранчиња се групирани во снопчиња; тие се тесни и линејни, долги 20–30 мм, со три жили и постепено заострен врв. Листовите на стеблото се идентични со базалните, но покуси од интернодиумите. Лисните ракавци се долги колку што е широчината на стеблото. Цветовите се поединечни, понекогаш по два, и се носат на долги дршки. Има две лушпи на чашката, зелени, обратно овални, на врвот нагло стеснети во зелен осил долг 3–4 мм, кој стигнува до половина од чашката. Чашката е зелена, без влакна, тесно цилиндрична и долга 17–20 мм. Запците на чашката се долги 5 мм, широки 1,2 мм и завршуваат со тенок шилест врв. Венечните ливчиња имаат црвена ламина, влакнеста во основата и со назабен раб.
Расте на варовнички каменливи терени и пасишта во дабовиот појас, на околу 1000 метри надморска височина. Варијабилност Dianthus pubescens var. pubescens - Чашката е гола. Иако се наведува од некои автори, во Македонија не се среќава. Dianthus pubescens var. glandulosopubescens (Hal.) - Чашката е жлездесто влакнеста. Цветовите се розови. Претставува многу ретко растение. Се среќава на пл. Китка - помеѓу Преслап и Кадина Река и покрај Кадина Река; Јакупица - помеѓу с. Нежилово и изворот на р. Бабуна. Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа