Арија е македонска поп-музичка група. Бендот го сочинуваат 6 члена, меѓу кои се Орце Димитровски, Здравко Ангелов, Никола Автовски, Благоја Перуновски, Ставре Ставрев и Далибор Ѓосик.
Историја
Почетоци „Арија“ е формирана во 1997та година, откако членовите почнале да свират заедно во средно училиште. Првиот тапанар на бендот бил Горан Трајков, кој свирел со нив една година.
Во 1998 и 1999 година, бендот учествуваше на фестивали на фолк музика, вклучувајќи ги „Цветници 98ма“ со песната „Кој ја има жив да не биде“ и „Цветници 99та“ со песната „Лудо срце“. Настапија и на „Валандово“ во 1998 година, а со песните „Ти си нешто посебно“ и „Сонце мое“ во 1999 година.
Во 1999 година, Мартин Вучиќ се придружи на бендот како тапанар. Во тоа време, бендот почна да свири во живо во една од најпопуларните ТВ емисии во земјата во тоа време наречена „Еден плус Два“, водена од Драган Вучиќ на телевизија Сител .
2000-тите Во 2000 година, бендот го издадоа својот прв поп сингл наречен „На минута или две“. Истата година, го издадоа својот прв албум наречен „Пола на пола “. со водечкиот сингл „Во дното на душата“...
Во 2002 година, Мартин Вучиќ го напушти бендот за кариера како соло пејач, а беше заменет со Ставре Ставрев како нов тапанар.
Во Јануари 2011 година, бендот го издаде своето прво CD со наслов „Arija - The Best Of“.
Во Септември 2011 година, бендот го издаде својот сингл наречен „Ако сум луд“.
Синглови Од 2001 до 2011 година, бендот ги издаде следниве синглови:
„Само господ е сведок“. „Нема друго време“ „Лош ден“. „Приказна без крај“. „Лоша навика“. „Сека кога сум сам“. „Верувај во љубовта“ „Десет на еден“. „Ако сум луд“.
Наводи
Категорија:Македонски музички групи Категорија:Статии со hCards