Врбица (, Τσουλίνα, Βέρμπιστα) — врв на планината Вич во Костурско, Егејска Македонија, висок 1.677 м.

Опис Врвот се наоѓа во југоисточниот дел на на Вич (Нередска Планина). Од остатокот од масивот на север е одвоена со долината на Стара Река. На исток нејзината притока Леховска Река ја двои од Врапчинска Планина. На југ клисурскиот премин Дауло со долините на Котури и Роимба ја двои од Мурик, а на запад Врбица се граничи со областа Пополе.

Сртот се протега во насока север-југ. Неговите врвови (од север) се Мнима Јани (1.461 м), Слива (1434 м), Врбица (1.677 м) и Шубрец (1.620 м) и Саргоница (1.382 м).

Во 1896 г. Ѓорче Петров во „Материјали по изучувањето на Македонија“ напишал: „Еден час над с. Прекопана венецот почнува постепено да се возвишува до врвот Врбива, кој се издига на североисток од с. Загорчани. На нејзиното било тој е рамен и гол, а страните му се покриени со китна шума од буки и „шума“ (ситни дабови), со исклучок на југозападната, која е гола и карпеста.“

Историја За време на Илинденското востание во летото 1903 г. на Врбица се воспоставило Горското началство на Костурскиот револуционерен реон. На 14 август по низа крвави борби отоманската војска успеала да завладее со Врбица и ги запалила околните македонски села.

Поврзано Борби за Врбица

Наводи

Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Вич Категорија:Костур (општина)