Фотинишка река () — мала река во Костурско, Егејска Македонија, долга 4 км.. Таа е една од деветте притоки на Костурското Езеро, во кое се влева од исток.

Опис Реката извира на планината Вич (Нереска Планина), јужно под Горни Врв (1.190 м). Прво тече на југ, а потоа постепено свртува назапад, поминува низ селото Фотиништа и се влева во Костурското Езеро. Долината на реката го двои Вич од Кајнак.

Коритото ретко има вода. Мерењето направено по врнежи покажало проточност од 13–42 л/с. Сливот зафаќа површина од 9,8 км2 и има најголема надморска висина од 750 м.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Костур (општина) Категорија:Вич