Кале () — горниот град (акрополата) на средновековниот град Преспа сместен на островот Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро, Егејска Македонија.

Опис Остатоците од тврдината се наоѓаат на върха на истоимениот врв Калето, кој се издига доминантно во јужниот дел на островот, јужно од селото Ахил. Таа претставува елипсовидно утврдување со големина од 70 × 49 м на чиј североисточен крај има куловидна градба со процвената висина од 3 до 3,5 м. Ѕидината изградена од релативно мали камења има средна дебелина од 1 м и однадвор е обложена со малтер.

Во внатрешноста на тврдината е откриен еднокорабен храм со апсида во светилиштето, кој ги задоволувал верските потреби на гарнизонот. Од градбата се останати само неколку фрагменти од фрески.

Професорот Николаос Муцопулос, врз основа на писмено сведоштво на летописецот Јован Скилица, смета дека се работи за тврдината Констанција, која е изградена во Малка Преспа од царот Василиј II по откако завладеал со Македонија во 1018 г.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Ахил (село)