Горичка митрополија (цел назив: Горичко-поградечко-колоњско-деволско-москополска митрополија; ) — епархија односно митрополија на Албанската православна црква, со седиште во градот Горица, југоисточна Албанија. Од 2025 г. митрополијата ја возглавува митрополитот Анастасиј.
Историја мини|Иконата „Собор на Безтелесните сили“ од селото Синица, Деволско, почеток на XVII век Не е познато кога е основана митрополијата. Според грамотата на царот Василиј II од 1018 г. со која се утврдувени границите на Охридската архиепископија, овој крај станал епархија на Костурската митрополија. Од 1030 до 1490 г. влегувала во рамките на Колоњско-деволската епископија.
Сѐ до 1670 г. Горичката епископија била потчинета од Охридската архиепископија. Tаа година, архиепископот охридски Партениј II (1670–1676), родум од Горица и намесник на епископскиот престол, ја воздигнал во митрополија. Новата Горичко-селасфорска митрополија (Κορυτσάς και Σελασφόρου) имала и своја епископија – Деволско-колоњската (Δεβόλης και Κολωνίας).
Во 1767 г. при затворањето на Охридската архиепископија, Горичко-селасофрската, заедно со другите епархии на архиепископијата станала непосредно потчинета на Цариградската патријаршија. Митрополитот Генадиј (1766–1779) зазел 75-то место на списокот на митрополити на Патријаршијата. Наследникот на Генадиј, Јоаким (1779–1790), ја вовел титулата Горичко-москополски (Κορυτσάς και Μοσχοπόλεως), по прочуениот град Москополе. Истата ја задржал и неговиот наследник Јоасаф II (1798–1816), родум од Москополе. Под митрополитот Мелетиј (1816 - 1828), митрополитската титула е променета во Горичко-селасфорско-москополски (Κορυτσάς, Σελασφόρου και Μοσχοπόλεως) во 1816 г. Од март 1828 до мај 1834 година, Горичката митрополија била припоена кон Воштинската архиепископија со второ седиште во манастирот „Пресв. Богородица Депаличка“. Обединувањето се случило под митрополитот Висарион (1827–1835), кој станал митрополит Горичко-воштински. Митрополитотот Кирил (1835–1845) ја променил титулата во Горичко-преметски (Κορυτσάς και Πρεμετής) во 1835 г. Во 1875 г. митрополитот Доротеј кон титулата додал ипертим и егзарх на Горна Македонија (έπερτιμος και έξαρχος Άνω Μακεδονίας). Во 1885 г. титулата на митрополитот Филотеј (1885–1893) гласела Горичко-преметско-москополски (Κορυτσάς, Πρεмеτής и Μοσχοπόλεως). Горичката митрополија била на 34-тото место во хиерархијата на Цариградската патријаршија од јануари 1902 г.
По воспоставувањето на Албанската православна црква во 1929 година, митрополијата била под управувањето на тогаш непризнаените поглавари Висарион и Христофор. Откако Албанската црква била прогласена за автокефална од Цариградската патријаршија на 3 април 1937 година, Евлогиј Курилас бил назначен за горички митрополит.
Поглавари
Епископи на Охридската архиепископија
+ИмеИмеГодиниБелешкаНимфонтΝίμφωνспоменат во 1389/1390 во натпис во црквата „Исус Христос Животворец“ во БорјеХаритонΧαρίτωνспоменат во 1503во стариот кодик на манастирот „Св. Никола“ во БобоштицаЈосифΙωσήφспоменат во 1532ГаврилΓαβριήλво 1550Можно е да е истата личност која, под архиепископот Никанор, бил екскомунициран од архијерејски собор и под архиепископот Софрониј, ја вознемирувал Охридската црква заедно со Мацуки и нелегитимниот костурски митрополит МаксимТимотејΤιμόθεος? – јули 1566поранешен италски ГаврилΓαβριήλ1572–1580ДаниилΔανιήλво 1579/1580како Селасфорски и Горички (Σελασφόρου καί Κοριτζας)АтанасијΑθανάσιοςоколу 1590ЗосимаΖωσιμάς1600намесник како охридски НеофитΝεόφυτοςво септември 1624, 1628потпишал писмо на Порфириј Охридски до папата Урбан VIII, во 1628 г. патувал во РусијаМитрофанΜητροφάνηςво 1631споменат во синодната грамота на архиепископот АврамијКонстантијΚωνστάντιοςоколу 1663во кодикот на Бобоштичкиот манастир „Св, Никола“ е забележано дека под Константиј, некојси Иван Капа Маре од Москополе подигнал кула 160 години по изградбата на манастирската црква во Бобоштица – во 1503 г.ИгнатијΙγνάτιοςспоменат во 1668
Митрополити на Охридската архиепископија
+ИмеИмеГодиниБелешкаПартенијΠαρθένιος1670–1676намесник како охридски МакаријΜακάριοςна 9 август 1691 и 13 август 1693АтанасијΑθανάσιοςпочинал пред 14 јануари 1694ДаниилΔανιήλ24 јануари 1694–1709порано драчки ЈоасафΙωάσαφ1709–1719 и намесник 1719–1745 како охридски †НикифорΝικηφόροςспоменат во 1746, 1748 и 1750МакаријΜακάριοςна 15 август 1752, 1 март 1753 и 4 август 1756ДаниилΔανιήλна 6 март 1759ДионисијΔιονύσιος1765–1766порано охридски
Митрополити на Цариградската патриаршија
+ИмеИмеГодиниБелешкаГенадијΓεννάδιος6 октомври 1766 – 1779Јоаким IΙωακείμ1779–1790КонстантинΚωνσταντίνος1790 1798ЈоасафΙωάσαφ1798–1816роден во Москополе, порано хариуполски МелетијΜελέτιος1816 – ноември 1827од клавдиуполски, во воденски ВисарионΒησσαρίωνноември 1827 – јануари 1835во мраморноостровен КирилΚύριλλοςјануари 1835 – декември 1845порано воденски , во ганоски НеофитΝεόφυτοςдекември 1845 – 1874 †поранешен дринополски Доротеј IΔωρόθεος Ευελπίδης18 април 1874 – 8 мај 1875 †Доротеј IIΔωρόθεος Χρηστίδης7 јуни 1875 – 26 август 1885во икониски ФилотејΦιλόθεος Κωνσταντινίδης26 август 1885 – 1 јуни 1893од скечански , во димотички ГригоријΓρηγόριος Προδρόμου1 јуни 1893 – 15 јуни 1893од родоски , подоцна серфички АнтимΆνθιμος Τσάτσος15 јули 1893 – 21 јули 1894порано еноски , во лероски ХрисантΧρύσανθος21 јули 1894 – 1895од лероски Гервасиј IΓερβάσιος Ωρολογάς30 април 1895 – 14 мај 1902во кесариски ФотијΦώτιος Καλπίδης19 мај 1902 – 9 септември 1906 †Гервасиј IIΓερβάσιος Σαρασίτης9 септември 1906 – 1 април 1910од родополски , во анкарски ГерманΓερμανός Αναστασιάδης8 јуни 1910 – 1916од струмички , подоцна шишански Јаков ДрачкиΙάκωβος Νικολάου1919–1921драчки , патријаршиски егзархЈеротеј МилитуполскиΙερόθεος Γιαχοτόπουλος1921милитуполски , патријаршиски егзархЈоаким IIΙωακείμ Στρουμπής24 февруари 1922 – 7 октомври 1924од ардамерски , во кардамилски
Епископи на Албанската православна црква
+ИмеИмеГодиниБелешкаВисарион Тирански и АлбанскиVisarion Xhuvani1929 – 27 мај 1936управителХристофор СинадскиKristofor Kisi, Χριστόφορος Κίσσης1936 – 1937управителЕвлогијΕυλόγιος Κουρίλας1937 – 1945АгатангелAgathangjel Çamçe1945 – јануари 1946 †поранешен белградски ПаисијPaisi Vodica18 април 1948 – 25 август 1949во тирански и албански Софрониј БороваSofron Borova1949 – 1952свештеник, управителФилотејFilothei Duni1952 – 1963 †Дамјан ЃирокастровскиDamian Kokoneshi1963 – 1966управителКирилQirill Naslazi1966–1968 †од белградски
Митрополити на Албанската православна църква
+ИмеИмеГодиниБелешкаХристодулΧριστόδουλος Μουστάκης28 јули 1996 – 18 јули 1998во валонски ЈованJoan Pelushi20 јули 1998 – 16 март 2025во тирански АнастасијAnastas Mamaj16 септември 2025 –од кројски
Поврзано Албанска православна црква
Наводи