Василија Каневче ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во НОД од 1941 година. Станала член на СКОЈ од 5 септември 1941 година. Собирала народна помош и растурала летци. Во септември 1942 година при пренесување на еден илегалец била фатена од бугарската полиција и затворена. По дваесетина денови затвор, а поради немање докази била ослободена. Во март 1944 година била санитетка на чета во Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ