Катарина Јованова Капчева ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Во напредното работничко движење учествувала од периодот пред војната. Со отпочнувањето на вооруженото востание била една од најактивните жени во организирањето на жените од градот за нивно учество во НОД. Растурала летоци, пренесувала илегалци, била врска на Месниот Комитет на КПЈ - Велес со Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, едновремено формирајќи читачки групи од повозрасни жени. Ката и пpипаѓaлa на групата жени организаторки на антифашистичката демонстрација на жените од Велес (10 декември l942). Били бестрашна пред теророт и окупаторот. Загинала на 10 декември 1942 година при експлозија во домот на Димко Митрев, а која била наменета за диверзантска акција на железничката линија Велес - Гевгелија.

При овој несреќен случај загинале повеќе лица: Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви и Трајко, Илија и Ката Капчева.

Поврзано Димко Митрев

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ