Трајанка (Божиновска) Каранфилоска-Блажева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Таа била тутунска работничка. Како напредна младинка била опфатена во СКОЈ од септември 1941 година. Собирала храна, облека и оружје. Била член на скоевски актив и раководела со три воспитни гpyпи. Растурала летоци, пронаоѓала станови за илегалци, работела со симпатизери и нивното опфаќање во СКОЈ. Во април 1942 година била затворена, и од Скопскиот ВПС (Воен Преки Суд) била осудена на осум години и четири месеци строг затвор. Казната ја издржувала во Скопје, а потоа во Битола. Заедно со сите политички затвореници била ослободена ва 6 септември 1944 година од Битолскиот затвор и веднаш стапила како борец во Осмата македонска ударна бригада. По кратко време од дивизискиот штаб била доделена на работа во заднината во битолска околија.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ