Тона Карбева ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Со почетокот на вооруженото востание го ставила својот дом на располагање на партиската организација во Велес, каде живеела. Тој бил илегално засолниште, но како нејзината ќерка Маца била активен учесник во НОД, како член на Месниот Комитет — Велес, а покасно и на Областен комитет, таа била често изложена на терор од бугарската полиција. Во мај 1944 година била затворена и веднаш по излегувањето од затвор, и покрај напредната возраст, заминала во партизани. Најпрво била во базата во Зборско, а потоа работела во партизанската база во село Бохула, Кавадаречко.
Поврзано Маца Карбева Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ