„Предел со обелиск“ — слика од холандскиот уметник Говерт Флинк, насликана во 1638 година. Сликата, изработена во техника масло на дрво, има димензии 54,5 на 71 сантиметар. Претходно му се припишувала на Рембрант. Сликата била изложена во Музејот Изабела Стјуарт Гарднер во Бостон, Масачусетс, САД, пред да биде украдена во 1990 година.
Потекло Сликата била изложена во Музејот Изабела Стјуарт Гарднер во Бостон, Масачусетс, пред да биде украдена на 18 март 1990 година. Сликата не е повторно појавена. За враќање на украдените предмети се нуди награда од 5 милиони долари, која оттогаш е двојно зголемена на 10 милиони долари.
Наводи
Категорија:Украдени уметнички дела Категорија:Изгубени слики Категорија:Пределни слики Категорија:Слики од Говерт Флинк Категорија:Уметнички слики од 1638 година