Зиси или Зисис Самарински (познат и како Зиси Трендафилу) ( или Ζήσης Τριανταφύλλου) — зограф и иконописец од XIX век, претставник на Самаринската школа.

Животопис Роден е во XIX век во влашкото село Самарина, Гребенско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Заедно со зографот Атанасиј Самарински, тој е автор на иконите „Собор на дванаесетте апостоли“ (1860) и „Св. Атанасиј и Св. Висарион“ (1861) од црквата „Св Димитриј“ во селото Палеомонастиро, Трикалско, Тие оставиле и потпис: „διά χειρός Aθανασίου και Zίση εκ χώρας Σαμ[α]ρίνης“. Заедно со Атанасиј, во 1854 г. ја живописале црквата „Св. Архангели“ во с. Мала Полјана (Мурија), исто така во Трикалско, каде се потпишале: „διά χηρός Αθανασίου και Ζίση εκ κόμης Σαμαρίνα“. Во 1859 г. двајцата го насликале католиконот на манастирот „Св. Илија“ („Св. Модест“) во Пира, со потпис: „ιά χειρός των ελαχίστων δούλων του Θεού Αθανασίου και Ζήση εκ της κωμοπόλεως Σαμαρίνης“.

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Самаринската школа Категорија:Македонски Власи