Атанасиј или Атанасиос Самарински () — зограф и иконописец од XIX век, претставник на Самаринската школа.
Животопис Роден е во големото влашко село Самарина, Гребенско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција, во семејството на Димитар. Во 1849 г. со својот брат Георги го позлатил иконостасот на католиконот на манастирот „Св. Троица“ во Деси, Тесалија. Работел во Трикалско, кадешто живописал повеќе цркви — „Св. Ѓорѓи“ во Годоважда (Каломира) (1850), „Св. Архангели“ во Мала Полјана (Мурија) заедно со Зиси Самарински (1854), „Св. Ѓорѓи“ во Ризарио (1872) и манастирите „Св. Илија“ („Св. Модест“) во Пира (1859) и „Св. Ѓорѓи“ во Мироково (1869), заедно со Георгиос Михаил. Во 1873 г. го живописал олтарот на „Пресв. Богородица Бриони“ во с. Неохораки, Епир.
Во црквата „Св. Димитриј“ во Палеомонастиро, заедно со Зиси Самарински, тој е автор на иконите „Собор на Дванаесетте апостоли“ (1860), потпишана „διά χειρός Aθανασίου και Zίση εκ χώρας Σαμ[α]ρίνης “ и „Св. Атанасиј и Св. Висарион“ (1861), потпишана „διά χειρός Αθανασίου και Ζίση εκ χώρας Σαμαρίνης“. Во храмот „Св. Апостоли“ во с. Апостоли, Трикалско, Атанасиј е автор на иконата на апостолите Петар и Павле (1869), потпишана „διά χειρός Aθανα(σίου) (εκ) Σαμαρίνης“.
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Самаринската школа Категорија:Македонски Власи