Sedum sartorianum (syn. Sedum urvillei) — вид повеќегодишно тревесто растение кое припаѓа на родот жедник (Sedum) од семејството дебелци (Crassulaceae).

Опис Sedum sartorianum е ниско и голо растение, со масивен разгранет ризом што ползи и создава многу неплодни изданоци и цветни стебленца. Цветните стебленца растат исправено, високи 5–15 см, речиси целосно обвиткани со суви листови кои остануваат прикачени и по сушењето. Листовите имаат синкаво-зелена боја, долги 5–8 мм, со конусна до издолжено-линејна форма, месести и покриени со густи папили; врвот им е остар, а основата проширена со долг тап израсток што за време на цветањето побелува; горниот дел станува сивкасто-зелен, а врвовите добиваат црвенкава нијанса. Цветовите се петделни, собрани во цимозни соцветија, најчесто со две кратки гранчиња што носат по 5–7 речиси приседнати цветови. Листовите на чашката се издолжено-јајцевидни, долги 2,5–3 мм, со остар врв. Венечните листови се долги 4,5–6 мм, светло жолти со црвеникава средна жила и две странични, копјести по форма, завршуваат со остар шилест врв. Има 10 прашници, со кремави антери и филаменти. Мешунчиња се пет, голи и распоредени во форма на ѕвезда. Столпчињата се издолжени.

Најчесто расте на варовнички и серпентински карпи, каменливи терени, насипи и суви тревни површини до 1800 метри надморска височина. Претставува широко распространето растение низ територијата на цела Македонија. Галерија

Наводи

Категорија:Дебелци Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа