Џина Касорла ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.
Животопис Од 1941 година се движела меѓу напредните младинки во градот. Во почетокот на 1942 година е примена за член на СКОЈ. Била активна во извршувањето на задачите што и ги поставувала организацијата, собирала народна помош, облека во храна за илегалците во градот и борците на НОВ. Скоро секоја вечер во одредено време се среќавала со народниот херој Естреја Овадија и успешно ги извршувала задачите што таа и ги поставувала. Сонувала да биде партизанка, но сите нејзини надежи згаснале на 11 март 1943 година, кога од страна на бугарскиот фашистички окупатор, била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска. Задушена е во гасна комора.
Поврзано Солчи Касорла Вида Касорла
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Холокауст