Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во струшкото село Драслајца, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на излезот од селото, во близината на последните куќи, и е сместена од левата страна на патот.
Историја
Црквата не се знае кога е точно подигната, но Јован Трифуноски има запишано дека по традицијата што се пренесува таа била подигната од мештаните кои живееле во Драслајца пред да дојдат денешните селски родови. Според други извори, истата била изградена во век.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна со тремови на запад и на југ. Црквата поседува и други бројни придружни архитектонски објекти.
Градбата на црквата е задоволителна. Западниот ѕид на оригиналната црква е срушен, по што е извршено спојување на доградениот нартекс со наосот. Во оваа фаза, нартексот е целосно отворен према наосот на црквата. Подот во наосот е изведен со терацо плочки, а подот во нартексот е со травертински плочки.
Покрај тоа на црквата се извршени бројни несоодветни интервенции на архитектурата на црквата, како доградби и надградби на нартексот со кубе, преградувања на ентериерот и друго.
Фрескоживопис
Црквата е целосно живописана во внатрешноста. Живописот бил насликан во 1875 година од страна на Аврам Дичов и неговиот брат Спиридон.
Делови од живописот се во лоша состојба. Автентичното сликарство од западниот ѕид на црквата било извадено пред рушењето на ѕидот, а подоцна и трансферирано на источната страна од западниот ѕид на доградениот нартекс. Оваа „реставраторска“ постапка е целосно погрешна, нелогична и нејасна. На истиот ѕид на кој се трансферирани старите фрески е извршено досликување пред 20-30 години со програма која воопшто не соодветствува на оригиналната.
Икони и иконостас
Црквата поседува дрвен иконостас.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Четврта струшка парохија Драслајца
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Драслајца