Ѓорѓи Јорданов Поп Андов (Велес, 25 декември 1903 — Велес, 1969) — македонски лекар, физијатар и фтизиолог. Деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Учесник во Народноослободителната борба и подоцна член на Комунистичката партија на Македонија. Повоено основал специјална болница против туберкулоза во Битола.
Животопис Ѓорѓи Поп Андов е роден на 25 декември 1903 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од значајно велешко семејство во населбата Мегдан. Во истото маало живеело и семејството Зографски. Основно и средно образование стекнал во неговиот мајчин град. Според Македонската енциклопедија, стекнал више медицинско образование во Белградскиот универзитет. Додека според книгата Значајни личности за Битола, Андов стекнал више образование во Грац, Австрија.
Дипломирал во 1931 година и се вратил во Вардарска Македонија. Истовремено се запознал со Македонската младинска тајна револуционерна организација преку Богдан Поп Ѓорчев. Работел како лекар од општа пракса во Велес. Во 1939 година почнал да работи во градската амбуланта. За време на Априлската војна, Македонија паднала под Бугарска фашистичка окупација. Ѓорѓи Поп Андов ја поткрепил Народноослободителната борба но продолжил да работи како општински доктор. Во август 1944 година се приклучил во Комунистичката партија на Македонија и се сместил во Горно Врановци, каде работел кај Партизанската болница.
Освен Горно Врановци, лекувал во Горно Јаболчиште и слободните територии на Осмата македонска ударна бригада (претежно Азот и Клепа). По Втората светска војна се вратил во Велес каде бил назначен за регионален лекар. Во 1946 година се вработил во Министерството за здравство, поточно одделението против туберкулоза. Во текот на втората половина на 1940-тите, бројот на жртви од туберкулоза се зголемило во Македонија. Поради тоа во 1950 година Ѓорѓи Поп Андов основал болница против туберкулоза во Битола, прва болница од таков тип во повоена Македонија. Во јуни 1950 година била преместена во старата турска болница. Ѓорѓи Поп Андов примил млади физијатри и играл клучна улога во напредување на медицината во Македонија.
На 1 јануари 1966 година неговата болница била затворена. Ѓорѓи Поп Андов се вратил во Велес каде починал во 1969 година.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1903 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Починати во 1969 година Категорија:Македонски лекари Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Дејци на ММТРО Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Македонски доктори