Обична смрча (науч. Picea abies) наречена и европска или норвешка смрча ― вид смрча по потекло од Северна, Централна и Источна Европа.

Има гранчиња кои обично висат надолу, и најдолги конуси од која било смрча, долги 9-17 см. Таа е многу тесно поврзана со сибирската смрча (Picea obovata), која ја заменува источно од Уралските Планини, и со која слободно се хибридизира. Оваа смрча има широка распространетост, бидејќи се сади поради своето дрво и е вид што се користи како новогодишна елка во неколку земји низ светот. Тоа била првата голосемена единка чиј геном е секвенциониран. Латинскиот специфичен епитет abies значи „како елка“.

Опис Ова дрво е високо до 50 метри, круната му е конусовидна, гранчињата хоризонтални или обвиснати. Игличките се долги 10-15 мм, широки се 1 мм, зелени, светликвави, поставени вертикално нагоре, кусо заострени. Зрелите шишарки се кафеави, цилиндрични, долги 10-18 см, широки 3-4 см, и висат надолу, а по испуштање на семките паѓаат на земјата.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 78, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Смрчата е со многу ограничено распространување, и во Македонија е позната само за Шар Планина и Враца, и тоа на надморска височина од 1400 - 2100 метри. Во последниве години е забележана на Малешевските Планини.лево|мини|Илустрација од 1885 година. мини|Млад женски конус

Одгледување и употреба мини|Божиќната елка на плоштадот Трафалгар во 2008 година. Секоја година, главниот град на Норвешка, Осло, му ја подарува на Лондон како подарок, а обично се користат смрчи стари околу 50 до 60 години. Оваа смрча е една од најшироко засадените смрчи, и во и надвор од нејзиниот автохтон опсег, и една од економски најважните четинарски видови во Европа. Се користи како украсно дрво во парковите и градините. Исто така, широко се сади за употреба како новогодишна елка. Секоја година, главниот град на Норвешка, Осло, обезбедува на Лондон, Единбург и Вашингтон дрво од оваа смрча, која се поставува на централниот плоштад на секој град, главно во знак на благодарност за помошта што овие земји ја дале за време на Втората светска војна. Во Северна Америка, обичната смрч е широко засадена, особено во североисточните држави, на брегот на Тихиот Океан и на Карпестите Планини, како и во југоисточна Канада. Таа е натурализирана во некои делови од Северна Америка. Натурализираните популации се јавуваат од Конектикат до Мичиген, а веројатно и на други места. Овие смрчи преферираат места со ладни летни периоди.

Наводи

Надворешни врски

Проект за геном на смрека на Congenie.org Picea abies - мапа на распространетост, генетски единици за зачувување и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Алпите Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Словенија Категорија:Флора на Словачка Категорија:Флора на Србија Категорија:Флора на Романија Категорија:Флора на Молдова Категорија:Флора на Полска Категорија:Флора на Литванија Категорија:Флора на Латвија Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Германија Категорија:Флора на Естонија Категорија:Флора на Чешка Категорија:Флора на Хрватска Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Белорусија Категорија:Смрча Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија