мини|385x385пкс|Книга за аритметика напишана од Петар Мартулков и Михаил Бојаџиев, 1925 година. Михаил Иванов Бојаџиев (Велес, 4 април 1876 — ?) — македонски револуционер и просветител. Деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис Михаил Бојаџиев е роден на 4 април 1876 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од револуционерното семејство Бојаџиеви. Неговиот брат Никола Бојаџиев (1867 — 1911) бил просветител и деец на Македонската револуционерна организација. Внукот на Михаил Бојаџиев — Иван Бојаџиев (1901 — 1930) бил основач и прв претседател на Македонска младинска тајна револуционерна организација. Михаил стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Во 1891 година се запишал во Солунската машка гимназија. Во 1895 година завршил со гимназиско образование како дел од десетта генерација на воспитаници.
Работел како професор по математика низ Вардарска Македонија. Во тоа време се запознал со Македонската револуционерна организација. Како деец на организацијата помогнал со напредување на револуционерното движење. Во 1898 година стекнал више образование во Софискиот универзитет по математика и физика.Годишникъ НА СОФИЙСКИЯ УНИВЕРСИТЕТЪ, 1929 Предавал во Пловдивската машка гимназија и Првата софиска гимназија меѓу 1907-1908 година. Продолжил да работи како професор во Третата софиска гимназија сѐ до Балканските војни.
По Втората балканска војна и Првата светска војна, Бојаџиев се приклучил во Македонскиот научен институт.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1876 година Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски учители Категорија:Дејци на МРО Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски математичари Категорија:Македонски физичари Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Отомански Македонци Категорија:Десетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија